Мицкоски: Нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, а ние имаме цел економски да ја развиеме

October 11, 2024
1 min read

Дозволете ми од мое лично име и од името на Владата да Ви го честитам 11 Октомври, Денот на народното востание. Оваа година одбележуваме 83 години од пркоста и желбата за слободна Македонија, се наведува во честитката од премиерот Христијан Мицкоски.

Во продолжение следува неговата честитка:

Македонците на тој 11 Октомври 1941 година се впишаа на мапата на слободарските народи, кои заедно со Сојузниците од Втората светска војна го поразија Нацизмот и Фашизмот.

Народниот дух на пркост и непокор кој беше демонстриран на тој 11 Октомври трае и ден денес, тој е движечка сила за промени и подобро утро. Тоа е мислата која не влече напред, дека секогаш може и мора подобро.

Ако нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, нашата цел е да ја развиеме Македонија.

Почитувани сограѓани, иако се соочуваме со предизвици, ние зачекоривме во ера на економска трансформација и назад од тоа нема. Цврсто се обврзавме пред граѓаните дека посветено, чесно, одговорно ќе работиме за повторно да ја вратиме државата во рацете на граѓаните и работиме на тоа преку конкретни реформи, проекти и промени кои се клучни за рестарт на институциите и на системот.

Ерата пред нас ќе биде одбележана со економски напредок и развој, правна сигурност на системот и владеење на правото што само по себе подразбира бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, иднина за сите граѓани, проекти за развој, надеж која носи позитивни промени, нови работни места, перспектива за младите и конечно обезбедување на подобар и поквалитетен животен стандард.

Како генерација политичари, ние немаме втора шанса, и оваа шанса и доверба која ја ни ја дадовте мораме да ја зграпчиме и од истата извадиме најмногу што можеме, тоа им го должиме на сегашните, но и на идните генерации на кои мораме да им обезбедиме својата иднина да ја градат тука, зошто ни е аманет од тие пред нас.

Само заедно сложни Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци можеме да градиме единство, иднина и просперитет.

Продолжуваме посветено да чекориме по патот на борбата за создавање на држава на среќни и задоволни граѓани.

Нека е честит 11 Октомври – Денот на народното востание.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно време со повремен дожд

Следно

Природата ја замати водата во Струмичко, политичарите тешко ја избиструваат, а некои се обидуваат да профитираат

Latest from Blog

Проданоски и Николоски извршија увид на реконструираниот „Кеј 1-ви Мај“ во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, заедно со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, извршија увид на улицата „Кеј 1-ви Мај“ во Прилеп, каде реконструкцијата е целосно завршена. Со проектот

Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје ги отвори раните уписи со попусти до 1.200 евра и платена пракса

[Скопје, 27.04.2026] – Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје официјално ги отвори раните уписи за новата академска година, нудејќи значајни финансиски поволности и уникатен образовен модел кој директно ги поврзува студентите со

Алкалоид Скопје (ALK), Комерцијална банка Скопје (KMB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 порасна за 0,16% на 10.003,84 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 27.04.2026 година, МБИ10 изнесуваше 10.003,84 поени и забележа раст од 0,16%, односно 16,04 поени,

Николоски: Владата со силна поддршка за развојот на Прилеп

Општина Прилеп работи проектира обиколница на градот, откако ќе ја испроектира, Владата ќе преземе одговорност да ја финансира и да ја изгради, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во

Видео: Како напаѓачот со неколку парчиња оружје успеал речиси да стигне до Трамп ?

Неименувани извори тврдат дека човекот кој се обидел да го убие американскиот претседател Доналд Трамп и членовите на неговата администрација во саботата навечер ги користел внатрешните скалишта на хотелот Хилтон за да
Go toTop