Мицкоски на 20-тиот Европски самит во Салцбург: Иднината на Македонија е во Европската Унија!

October 21, 2024
1 min read

Денеска премиерот Христијан Мицкоски имаше свој панел и излагање на 20-тиот Европски самит во Салцбург посветен на иднината и реформите на Европската Унија.

Настанот во организација на Институтот на регионите на Европа (IRE), Европскиот конгрес, со околу 700 гости и над 60 говорници од цела Европа, годинава се одржува годинава по 20-ти пат под мотото „ЕУ: Нема иднина без реформи“.

На својот Фејсбук профил премиерот објави дека во излагањето посочил оти иднината на Македонија е во Европската Унија и на тој пат државата направи бројни отстапки и чекори кои ја докажуваат нејзината посветеност кон европската иднина.

-Она што недостасува е волја проследена со дела регионот вистински да премине од европската чекалница кон реализација на европската иднина. Иднината на регионот е во економска и политичка преобразба и меѓусебно поврзување. Се бориме македонските компании да излезат надвор од границите, да го помогнеме извозот и да привлечеме странски капитал. Досега во овој кус период покажуваме резултати, а заедно ќе направиме многу повеќе, вели во објавата Мицкоски.

Тој синоќа присуствувал на вечера, на покана на градоначалникот на покраината Салцбург и претседателот на Институтот на европски региони, Франц Шаусбергер.

Во вторник ќе има средба со претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен и со министерот за надворешни работи, Александар Шаленберг.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Галетановски: Загрижен сум што две години не е направена дезинфекција на ЗОО Скопје

Следно

УХМР со најнова прогноза- еве какво ќе биде времето до крајот на неделата (ФОТО)

Latest from Blog

Општина Битола: Градот влегува во нова развојна ера со 180 проекти

Општина Битола објави преглед на реализацијата на 180 проекти наменети за развој и унапредување на градот. Според податоците прикажани во општинскиот инфографик, досега се завршени 62 проекти, што претставува 34 проценти од

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се реализира според планот, приходите пораснаа за 8 отсто

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари работна средба со директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова и директорот на Царинската управа Бобан Николовски, на која беше разгледана тековната реализација на

Македонскиот рубин пред меѓународна промоција, се подготвува сертификат за неговото потекло

Македонскиот рубин влегува во нова фаза на заштита и меѓународна промоција, со подготовка на систем за сертификација и утврдување на јасни критериуми за неговото потекло и автентичност. Министерството за енергетика, рударство и
Go toTop