Мицкоски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ успеаја да ги консолидираат општините и да се спремат за издавање општински обврзници за капитални проекти, владата на ДУИ поддржана од СДС ги опструира

February 1, 2023
2 mins read

Општините беа, сега веќе се во добра одлична кондиција бидејќи имаат капацитет да се задолжат, во многу лоша хаотична ситуација со празни сметки, со лошо менаџирање во јавните претпријатија и овие 42 градоначалника од редовите на ВМРО-ДПМНЕ успеаја да го кренат потенцијалот, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од увидот на градежните работи на улици во Општина Карбинци, запрашан за коментар за општинските обврзници за кои од власта сметаат дека станува збор за ново задолжување на граѓаните.

Мицкоски појасни дека токму поради домаќинското работење на градоначалниците на од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, успеаја да ги консолидираат општините и јавните претпријатија кои од нивните претходници од СДСМ ги наследија со блокирани сметки, македонските институции како Министерство за финансии, Комисијата за хартии од вредност и Македонската берза дадоа позитивни мислења за да можат општините да издадат општински обврзници со кои би дошле до дополнителни финансиски средства да за реализираат капитални инвестиции.

„Како резултат на тој потенцијал би ја споменал втората работа, а тоа е дека државните институции, тука пред се мислам на Министерството за финансии, потоа Комисијата за хартии од вредност, Македонската берза дадоа согласност да овие општини, еве тука е да речеме соседната на Карбинци, Штип имајќи го предвид потенцијалот свој, да се задолжи и да издаде за прв пат општинска обврзница. На Балканот тоа прв пат се прави. Прв пат се издаваат општински обврзници да можат луѓето сите да учествуваат, сите граѓани да учествуваат и да речат, јас ќе вложам средства во општинска обврзница за да ми биде изграден мостот, да ни биде реновирано училиштето, да биде изградена ваква една улица со канализација и со тротоар, игралиште спортско, детска градинка и така натаму“, рече Мицкоски.

Како трето образложение, Мицкоски посочува, за жал владата на ДУИ поддржана од СДСМ и Ковачевски одлучија да ги опструираат овие обврзници за кои општините имаат потенцијал за изнаоѓање средства за изградба на градинки, училишта, булевари, улици и така натаму, наспроти власта која се задолжува, на пример, за 100 милиони евра, а на сметка на тоа сака да ги затвори РЕК Битола и Осломеј со што пет илјади луѓе ќе остави на улица.

„Е сега, четврто, да направиме споредба. Општините имаат потенцијал да се задолжат за капитални проекти, за капитални проекти, да повторам градинки, училишта, булевари, улици, спортски игралишта, детски игралишта. А како се задолжува владата? Владата вика ќе земам 100 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, но за да ги земам тие 100 милиони евра ќе ги затворам РЕК Битола, ќе го затворам Осломеј и ќе оставам пет илјади луѓе на улица. Тоа се пет илјади семејства директно на улица. Тоа е разликата. ВМРО-ДПМНЕ прави магии за да обезбеди дополнителни пари за да се реализираат капиталните проекти, а СДСМ уништува тоа што го наследил од ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека тоа е разликата помеѓу едните и другите и тој е убеден дека на следните парламентарни избори народот ќе даде огромна поддршка за да продолжат да ја развиваат Македонија, а нема да им даде поддршка на овие политички криминалци, измамници кои што треба еднаш засекогаш да заминат на политичките маргини.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕСМ Дистрибуција на топлина од денеска задолжена за дистрибуција на топлина и во населбата Автокоманда

Следно

Потврдена смртта и на пилотот на грчкиот воен авион

Latest from Blog

Ватикан бара од Трамп итно запирање на воените дејствија во Иран

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, денеска упати необично директен и остар повик до американскиот претседател Доналд Трамп за што побрзо завршување на војната во Иран, истовремено барајќи од Израел да

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што претседателката истакна

Херојот од Кочани доби спомен-обележје: во кобната ноќ возеше повредени, почина наредниот ден

Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој превезуваше повредени во огромниот пожар во Пулс во Кочани, денеска беше откриено спомен-обележје. Тој почина по исцрпувачката работа, на 17 март

Познати четвртфиналните двојки: Дуели на титаните во Париз, Мадрид и Барселона

Со завршувањето на вечерашните четири реванш осминафинални пресметки во Лигата на шампионите, одредени се сите учесници во четвртфиналето на Лигата на шампионите. ПСЖ – Ливерпул Реал Мадрид – Баерн Минхен Барселона –
Go toTop