Митрески ги собра на иста маса Ковачевски, Заев, Шекеринска и Бучковски

March 26, 2024
1 min read

Во пресрет на 27 март – денот кога С Македонија одбележува четири години од зачленувањето во НАТО Алијансата – собранискиот спикер Јован Митрески денска организирал средба во просториите на Клубот на пратениците на која, меѓу другите, присуствувале тројца експремиери од редовите на СДСМ.

Според фотографијата објавена на фејсбук-профилот на Митрески, тој седи во друштво на експремиерот Димитар Ковачевски, неговиот претходник Зоран Заев и Владо Бучковски кој беше на премиерската позиција од 2004 до 2006 година. До нив седи и ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Присутна на средбата била и поранешната министерка за одбрана во владата на Зоран Заев, Радмила Шекеринска, за време на чие министерување земјава стана дел од воената алијанса.

„Со тројцата поранешни премиери и поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, која го развиори нашето знаме во седиштето на НАТО, но и со поранешни пратеници, амбасадори, носители на високи државни функции, разговаравме за придонесот што секој од нас поединечно го дал во овој процес и за патот што го изодевме за да имаме денеска безбедна држава, особено во услови воената агресија недалеку од нас. Заедно и решително продолжуваме кон остварување на визијата за европска и просперитетна иднина“, пишува Митрески во објавата на Фејсбук.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лепа Брена збесна: Нема да дозволи ваква измама, ќе бара правда (ФОТО)

Следно

Експозитурата на Шпаркасе Банка вo Куманово на нова адреса

Latest from Blog

На трибините и на теренот се чудеа, но судијата за овие фаули досуди четири пенали на Македонија У21 – Русија У21 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби со 2:3 од врсниците од Русија во пријателски меч кој се играше во Скопје. Дуелот ќе се памти по четирите пенали кои беа досудени, по
Go toTop