Министерка исмеана: Им предложи на граѓаните да јадат ротквици поради недостиг на зеленчук

February 23, 2023
1 min read

Британската министерка за животна средина Тереза Кофи денеска беше предмет на потсмев затоа што предложи граѓаните да јадат ротквици поради недостигот на овошје и зеленчук, особено домати и пиперки.

Поради недостигот, продавниците ги ограничија количините на овошје и зеленчук што им ги продаваат на купувачите поединечно, за да има доволно за сите.

Недостигот е последица на лошите временски услови во јужна Европа и северна Африка, од каде се увезуваат овошје и зеленчук, соопшти Британската федерација на трговци на мало.

Тереза Кофи денеска во парламентот изјави дека недостигот може да трае две до четири недели.

– Супермаркетите сè уште увезуваат премногу производи … Всушност, треба да јадеме повеќе сезонски производи и да ги поддржуваме нашите британски фармери, одговори Селен Саксби, пратеничка на британската владејачка Конзервативна партија.

– Важно е да ги негуваме специјалитетите што ги имаме во оваа земја, и одговори министерката и додаде дека многу луѓе треба „да јадат ротквици наместо да размислуваат за зелена салата, домати или слични работи“.

Министерката додаде дека разбира оти потрошувачите сакаат широк избор во текот на годината.

Нејзината изјава наиде на критики, поради што неименуван портпарол на британската влада застана зад неа велејќи дека сакала да ги истакне домашните производи.

– На крајот на краиштата, поединци треба да одлучат каква храна сакаат да купат, додаде портпаролот, нагласувајќи дека недостигот не е последица на повлекувањето на Велика Британија од Европската унија (Брегзит).

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јавниот долг на Албанија минатата година намален за 4,4 отсто

Следно

Продолжува расправата за избор на новите министри

Latest from Blog

ВИТКОФ И КУШНЕР МУ ПРЕДАДОА НА ПУТИН документ за крај на конфликтот во Украина – Трвди КРЕМЉ

Специјалните пратеници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, за време на разговорот со претседателот на Русија, Владимир Путин, разговараа за можните решенија за украинскиот судир, изјави претставникот на Кремљ, Јуриј

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат
Go toTop