Милошоски: На Македонија за преговори со официјална Софија и треба стабилна влада во Бугарија

October 28, 2024
1 min read

Предолго трае оваа политичка драма во Бугарија и на овие избори нема убедлив победник, туку дополнителна фрагментација. Оваа ситуација ќе биде уште покомплицирана, бидејќи во составот на новото Собрание во Бугарија влегуваат три политички кои се радикална десница односно антиевропски настроени, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во гостување во централниот Дневник на Сител ТВ во „Тема на денот“.

Тој истакна дека на Македонија за понатамошни преговори со Бугарија и одговара стабилна влада во Бугарија со две партии и додаде:

„Пречките со напредокот на Македонија би ги поврзал со директна фрагментираност во Бугарија. Проблемот во Македонија настана во моментот кога во Бугарија имаше стабилни влади но за жал, претходната Влада во Македонија прифати услови со кои создаде пречка за сите идни влади во Македонија. Затоа сметам дека потпишувањето на тој фамозен втор протокол од страна на поранешниот министер Бујар Османи заедно советуван со Ковачевски, Маричиќ и другата група раководители на надворешната политика кога го направија најголемиот проблем кога дозволија Македонија да влезе во лавиринтот на билатерализација на историски прашања како пречка на патот кон ЕУ“, вели Милошоски.

Тој истакна дека македонскиот план звучи логичен и наидува на разбирање кај голем дел од соговорниците во ЕУ.

„Според мене она што беше добиено како порака од посетите на владината делегација во Берлин е дека сепак македонскиот план звучи логично, има аргумент и истиот наидува на разбирање кај поголем дел од соговорниците во рамки на ЕУ, но мора да се напомене дека за истото треба да даде согласност и официјална Софија, затоа би било добро во Софија да има стабилна влада за да може да се разговара на еден рамноправен начин“, посочи Милошоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милошоски: ДУИ да се наочи кон реформирање на сопствената партија, а не да испраќа патетични писма

Следно

Попов на 14. ораторска вечер „Петар Поп Арсов“: Овие млади луѓе се пример за тоа како треба да ја градиме нашата заедничка иднина во Македонија

Latest from Blog

Вест Хем се пофали и со Адама Траоре

Во обидот да одигра што подобра пролетна полусезона, тимот на Вест Хем одлучи зимава да се засили во навалните редови на најдобар можен начин. По промоцијата на Тами Абрахам, сега на ред

Никогаш нема да ви признаат: Мажите ги мразат овие 3 работи во кревет, а бројот 3 особено не им се допаѓа

Дали некогаш сте се запрашале кои работи вашиот партнер не ги сака во креветот? Колку и да мислите дека сè што правите во креветот му годи на вашиот партнер, постојат одредени работи

Николоски на средба со Лука Буриловиќ, претседател на Стопанската Комора на Хрватска

Транспортниот сектор ја има клучната улога во развојот на регионалната економија и секое ограничување на работењето на превозниците ќе има негативно влијание врз целиот регион во Западен Блакан, потенцира вицепремиерот Александар Николоски,

Натали Портман бесна на Холивуд: Најфобрите филмови ги режираа жени, а годинава ги нема на Оскарите

И додека рефлекторите го следат гламурот на црвениот тепих, зад сцената, според Натали Портман, сè уште се води многу посериозна борба: борбата на жените за рамноправно место во филмската индустрија. Актерката и
Go toTop