Милков: Бугарија ќе ги преземе сите мерки за случајот „Пендиков“ и веќе работиме на тоа

January 26, 2023
2 mins read

Тој изјави дека не може да се стави вето на преговорите за влез на Република Северна Македонија во Европската Унија, со оглед на тоа што не се почнати. Јас не сум поддржувач на ветото, но Бугарија секогаш има право на глас, рече Милков

Бугарија ќе ги преземе сите мерки за случајот „Пендиков“ и веќе работиме на тоа. Ова во „Денот започнува“ на БНТ го изјави в.д. министерот за надворешни работи Николај Милков.

Тој рече дека кога се случил нападот врз Пендиков во Република Северна Македонија, првично настанала паника и властите на различни нивоа признале дека се работи за кривично дело од омраза. Потоа почнале, вели Милков, да се шират сценарија дека Пендиков „бил наркозависник и дилер, а најхрабрите тврдат дека бугарските клубови се места на организиран криминал и дека се финансирани од трговија со дрога“.

„Ова е наратив кој не можеме да го прифатиме и ќе ги преземеме сите мерки“,

рече Милков.

Во интервјуто тој рече дека веќе ги информирал министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во Советот за надворешни работи во Брисел.

„До сите земји членки е доставен писмен меморандум за овие прашања. Во нашата земја треба да се одржи средба со сите амбасадори на земјите членки. Ќе се користат и други механизми, меѓу кои и механизмот на ОБСЕ, кој сè уште има набљудувачка мисија во Скопје. Ги имаме алатките на Советот на Европа“,

прецизира Милков.

Бугарскиот министер за надворешни работи изјави и дека за прославата на денот на раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари двете земји и главно институциите во РСМ мора да останат смирени и да се воздржат од какви било провокации за да се обезбеди потребниот ред, односно секој што сака да оди и да се поклони на гробот на Делчев.

„Што се однесува до контранападот против Ангел Џамбаски и други наши политичари, мислам дека ова е дел од некој нов македонски наратив, прво да се минимизира нападот врз Бугаринот, а потоа врз тамошните систематски напади врз бугарските клубови и заедници таму, кои ескалираат. Тоа започна со усвојување на репресивен закон таму, продолжи со подметнување пожар за што е добиена условна казна, по што следуваше пукање, а сега и физички напад врз лице кое е припадник на бугарската заедница. Таму се обидуваат да ни препишат споделена вина – од двете страни на границата има луди глави. Не може да има такви аналогии“,

рече Милков.

Милков потсети дека во фокусот на францускиот предлог е почитувањето на правата на бугарската заедница во РСМ.

Тој изјави дека не може да се стави вето на преговорите на РСМ со Европската Унија, со оглед на тоа што, како што рече, тие не се ниту почнати.

„Јас не сум поддржувач на ветото, но Бугарија секогаш има право на глас“,

додаде тој.

Тој не сакаше да ги коментира изјавите на македонскиот претседател Стево Пендаровски, туку само рече:

„Како доктор на науки по историја, можам да кажам дека ако има жртви на едната страна – се споменуваат 12 лица, би споменал илјадници убиени, 300 000 протерани меѓу двете војни. Сигурно слушнал за Голи Оток, каде што стотици Бугари беа интернирани и загинаа по Втората светска војна, само затоа што имаат бугарска самосвест. Тие немаат поим за нивната историја бидејќи сè уште не ги отвориле архивите на тајните служби, можеме да им помогнеме во тоа ако тие сакаат“.

Тој смета дека Заедничката историска комисија е во траен ќор-сокак, но мора да се вложат максимални напори за да се постигне напредок бидејќи тоа го предвидуваат меѓународните обврски.

Вчера Милков најави дека Бугарија ќе ги прекине сите заеднички меѓудржавни проекти со Република Северна Македонија поради претепувањето на Христијан Пендиков. Тој нагласи дека запирањето на заедничките проекти ќе биде дел од бугарската реакцијата за случајот со Пендиков.

Тој побара властите во Северна Македонија да се погрижат да има одговорност за тепањето на Пендиков, а тврди дека охриѓанецот кој се декларира како Бугарин, добива закани и во болница.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Што научивме денес: и трансџендери се трансфоби

Следно

Арсовска негира дека е скратен буџетот на МКЦ и дека имало притисок врз ексдиректорот

Latest from Blog

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила

Ким Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракета

Ракетата беше лансирана во Источното Море како дел од обуката за ракетни единици кои ракуваат со „хиперсоничен стратешки систем на оружје“, соопшти KCNA. Ким рече дека способноста за контранапад на севернокорејската војска

Shteti shqiptar për Çamërinë 1925–1928

Traktati për minoritete, i nënshkruar pas Luftës së Parë Botërore pothuajse nga të gjitha shtetet e Evropës, ua njihte minoriteteve të gjitha të drejtat. Edhe Shqipëria, duke qenë ndër ato shtete që e nënshkruan këtë traktat, ia njohu minoritetit grek në Shqipëri të
Go toTop