Милиони луѓе во Куба сѐ уште се без струја

October 20, 2024
1 min read

ХАВАНА (АА) – Милиони Кубанци сѐ уште се без струја, известува Анадолу.

Извештаите покажуваат дека дефектот во електраната „Антонио Гитерас“ во Матанзас што се случи во петокот остави голем дел од Куба во мрак.

Властите објавија дека по интензивни напори, напојувањето почнало да се обновува во некои области, вклучувајќи го и главниот град Хавана.

Околу 80 % од земјата сепак сѐ уште е без струја, а во некои региони имало прекин во работата кој траел и повеќе од 30 часа.

Сликите објавени на социјалните мрежи покажуваат дека меѓународниот аеродром „Хозе Марти“ во Хавана е обвиен во темнина.

Во меѓувреме, претставниците на одделот за енергетика, кои се состанаа под водство на претседателот Мигел Дијаз Канел, направиле проценка на мерките за решавање на оваа криза.

Куба често се соочува со недостиг на електрична енергија поради проблемите во електраните, кои произлегуваат од несоодветното одржување на објектите кои ги изгради Советскиот Сојуз пред повеќе од 40 години.

Министерството за енергетика и рударство соопшти дека земјата годишно троши осум милиони тони гориво, од кои само три милиони тони се од домашно производство.

Економското ембарго ја принуди Куба за своите енергетски потреби најмногу да се потпира на Венецуела, Русија и Мексико.

Последниве години кубанската влада почна да изнајмува пловечки електрани за да ги ублажи застоите и да ги зголеми производствените капацитети.

Претседателот Дијаз Канел на социјалната мрежа X објави дека напорите за решавање на недостигот на електрична енергија ќе продолжат со несмалено темпо додека ситуацијата не се подобри.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ристовски: Македонскиот спорт е на катастрофално ниво и му треба ресетирање

Следно

Стеф Кари се повреди пред стартот на новата сезона

Latest from Blog

Проданоски: Посетата на шведскиот амбасадор Ола Сулстром e потврда за довербата во прилепските еколошки проекти

Денеска во Прилеп беше реализирана посета на фабриката за селекција на отпад кај Алинци, во која учествуваа амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Сулстром, претставници од амбасадата, шведската асоцијација SALAR и работната група

ТЕПАЊЕ СО СТАП ЗА ДИГИТАЛНО И ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Нови правила во училиштата во Сингапур

Учениците кои ги малтретираат другите, вклучително и преку дигитално насилство, ќе се соочат со тепање со стап како „крајна мерка“ според новите насоки воведени во Сингапур. Учениците (момчиња) можат да добијат до

Македонски Телеком и банкарскиот сектор доминираа на денешното берзанско тргување кое заврши со промет од над 28 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 06.05.2026, индексот МБИ10изнесуваше 9.964,01 поени, со дневен раст од 0,09%, односно 8,89 поени, додека ОМБ изнесуваше 129,90 поени, без дневна промена, односно 0,00% и 0,00
Go toTop