Мексико: 16 лица загинаа при судир на автобус со имигранти и камион

August 23, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Во сообраќајна несреќа меѓу автобус со имигранти и камион, што се случи на автопатот во близина на границата меѓу мексиканските држави Оахака и Пуебла, според првичните информации, 16 лица го загубија животот, а 36 се повредени, пренесува Анадолу.

Според веста што ја објави „Си-ен-ен“, Канцеларијата на јавниот обвинител во Оахака информирала дека автобусот со имигранти се судрил со камион на автопатот Куакнопалан – Оахака.

Меѓу лицата кои ги загубија животите, 8 се мажи, 8 жени, а 36 лица се повредени. Едно од загинатите е дете.

Властите ги истражуваат причините за несреќата, а повредените се пренесени во болница во Пуебла.

Гувернерот на државата Оахака, Саломон Хара Крус, во објава на својот профил на социјалните мрежи, изрази сочувство до семејствата на починатите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи го брифирал Борел за процесот на уставните измени: Да не дозволиме назадување во евроинтеграцијата

Следно

Спасовски на откривање спомен обележје во Куманово  во чест и вечен спомен на осумте загинати припадници на МВР во кумановско ,,Диво Насеље”: Хероите живеат вечно!

Latest from Blog

Николоски од Прилеп: На 11 Октомври македонскиот народ покажа дека е на вистинската страна на историјата

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, денеска во Прилеп положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифоски-Питу и

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Протекоа имиња на луѓе што Русите сакаат да ги ликвидираат. Една „мета“ на атентат неодамна беше во Загреб

Европските разузнавачки служби предупредуваат дека Русија ги засилува напорите за атентат врз раководителите на одбранбените компании, поради што компаниите ги зголемуваат безбедносните мерки за своите врвни луѓе. Според информациите од претставници на
Go toTop