Љубов и вино во ист ден: Јелена и Ксенија си разменија Wolt изненадувања и ја славеа дружбата

February 14, 2026
1 min read

14 февруари во Македонија има ретка, убава двојност. Традиционално на денот се одбележува Св. Трифун, празник што кај нас се врзува со лозјето и виното, со симболично „закројување“ на виновата лоза како почеток на новата лозарска година. Од друга страна е Св. Валентин, ден кој многумина го поврзуваат со љубовта и малите вниманија. Токму таа можност двојно да се прослави еден ден, ја претворија во своја лична приказна пријателките и инфлуенсерки Јелена Спенџарска, водителка и писателката Ксенија Николова.

Зошто и двете го избраа Wolt како партнер кој им помогна да си подготват изненадувања?

„Со апликацијата и љубовта и виното добиваат современ „twist“ и наместо да трчате по продавници и да бркате време, можете да испратите изненадување директно до некој што ви значи, без разлика дали е партнер, пријателка или најдобар другар. Понекогаш, најубавиот подарок е токму тоа, да се појави на врата во вистински момент и да му каже ’Те мислам’“; вели Јелена.

 

 

Таа објаснува дека нивното пријателство е од оние што ретко се среќаваат, затоа што секогаш можеш да бидеш целосно свој. „Со Ксенија се знаеме мнооооогу години и таа ми е една од оние пријателки со кои навистина можам да си кажам работи што не можам да ги кажам на другите, а тоа денес е реткост. Таа е личност која навистина ме познава, а нашите разговори се отворени, искрени и без филтри. Нам не ни треба посебен повод за средба. Без разлика дали го славиме Денот на љубовта, Денот на виното или некој најобичен ден во неделата, секогаш знаеме да си направиме забава. Баш ми е драго што сме заедно и овој пат.“

За Ксенија пријателството е нешто на кое посветува внимание и време.

„Со Јелена се познаваме одамна и дружбите ни се секогаш интересни и спонтани, од длабоки разговори до многу смеа и зезање. Иако не чекаме повод, често знаеме да си одбележиме важни денови заедно, некогаш планирано, а некогаш сосем неочекувано, па да се изненадиме една со друга и да си ги наполниме батериите со искрен муабет и смеење до солзи. Пријателствата ни се многу важни на двете и навистина се трудиме да ги негуваме, со присутност, искреност и слатки мали изненадувања“, вели Ксенија.

Во оваа приказна најубавото е што фокусот не е само на романтични гестови, туку на поврзаноста што ја носи пријателството, на вниманијата што не бараат совршен повод и на малите изненадувања што го прават денот посебен, било да наздравувате за љубов, било да наздравувате за бериќетна година во лозјето.

Дека дружбата е момент за паметење погледнете и самите на линкот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја суспендирале обвинителката Кадриу за да спречат прогон на нивни функционери

Следно

Модриќ е третиот најстар стрелец во историјата на Серија А!

Latest from Blog

НЕМА КРАЈ НА ТРАНСАТЛАНСКАТА ЕРА, тоа не е цел на САД, не се дистанцираме од Европа, сакаме да биде посилна

Државниот секретар на САД Марко Рубио на Минхенската безбедносна конференција истакна дека САД не се обидуваат да се оддалечат од Европа туку да внесат нов живот во старото пријателство. „Сакаме Европа да

Николоски од Неготино посака добар род и вети континуирана поддршка: Лозарите со исплатени субвенции ја започнуваат сезоната

По повод празникот Св. Трифун, кој важи за најзначаен ден за лозарите и винарите од Тиквешкиот Регион, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Неготино упати честитки

Хуманост на дело, за само шест часа собрани 3,1 милиони денари за лекувањето на малата Ана

Кампањата за лекување на осумгодишната Ана Јованчева официјално е затворена, откако за само шест часа беа собрани 3,1 милиони денари, објави доктор Ненад Лазаров. Станува збор за една од најбрзите и најмасовни

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја суспендирале обвинителката Кадриу за да спречат прогон на нивни функционери

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: СДС системски го уништуваше македонското здравство а Венко Филипче беше најлошиот министер за здравство во историјата на државата. Венко Филипче како екс министер за здравство, имаше сериозни
Go toTop