ЛШ: Баерн го декласира Динамо, Милан загуби од Ливерпул на „Сан Сиро“

September 17, 2024
1 min read

Фудбалерите на Баерн Минхен комплетно ја оправдаа фаворитската улога и славеа со убедливи и огромни 9-2 (3-0) над Динамо Загреб во првото коло од Лигата на шампионите.

Кејн, Гереро и Олисе стрелаа во првото полувреме, но Динамо покажа дека поседува квалитет и за момент се врати во игра во второто полувреме.

Модрите“ од Загреб приредија шеесетсекунден блицкриг и успеаја двапати да ја затресат мрежата на Баварците, а головите ги постигнаа Петковиќ и Огивара во 49. и 50. минута. Се чинеше дека Хрватите добија мотивација плус за остатокот од мечот, но Баерн повторно го покажа својот квалитет и бргу ги врати нештата во своја полза.

Најпрво Хари Кејн во 58. минута донесе двојна предност (4-2), а потоа и Мајкл Олисе вторпат се запиша во листата на стрелците само три минути подоцна. Динамо се обиде уште еднаш да го ублажи ударот и создаде уште две добри шанси, но Баварците продолжија со торпедирањето и по шести пат го совладаа голманот Невистиќ.

Кејн прецизно реализираше пенал во 73. минута и оствари хет-трик во првиот елитен меч сезонава, а до крајот Баерн не запре со налетот и до максимум ја наполни гостинската мрежа. Англискиот капитен постигна четврти погодок (исто така од пенал) во 78. минута, а Лирој Сане зголеми на 8-2 само шест минути подоцна. Вистинскиот потоп на Динамо и конечните 9-2 ги потврди Леон Горецка со погодокот во втората минута од судиското надополнување.

Реал Мадрид имаше големи проблеми против екипата на Штудгарт, но на крајот сепак успеа да извојува победа со конечни 3-1 (0-0).

„Кралевите“ имаа одлични шанси во првиот дел, но и Германците не беа за потценување и дури четири пати се заканија по голот на Куртоа. До истекот на првите 45 минути немаше голови, а вистинските возбудувања пристигнаа во вториот дел.

Најпрво Реал поведе преку Килијан Мбапе само една минута по стартот, но Штутгарт делуваше како сериозен ривал и постојано се закануваше по страничните позиции. Германскиот тим продираше и по средината, па наградата за овој пристап пристигна во 68. минута, кога Дениз Ундав начека една топка и ја смести во празната мрежа на Реал. Спасител беше Рудигер кој го донесе победничкиот гол за европскиот шампион.

До крајот на мечот Штутгарт се обиде уште еднаш да се врати во игра и да приреди ново изненадување на „Сантиаго Бернабеу“, но Реал во самиот финиш го искористи празниот простор и го комплетираше мечот со нов погодок. Бразилецот Ендрик ги постави конечните 3-1 во 95. минута и ја потврди победата за кралскиот клуб.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре и во следните денови променливо облачно време со повремени локални поројни дождови

Следно

Разрешен началникот Наим Рамука

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер

Одлични вести за навивачите на Барселона: Рафиња и Де Јонг се враќаат за дуелот против Бетис

Барселона ја очекува тешко гостување кај Бетис во деветтото коло од Ла Лига, а тренерот Ханси Флик на прес-конференцијата потврди дека Рафиња и Френки де Јонг се опоравиле од повредите. Каталонците имаат
Go toTop