Лажна информација за бомба во авион од Полска за Грција

January 23, 2023
1 min read

Авионот слетал во изолирана област на меѓународниот аеродром во Атина во Грција по доцнење од речиси два и пол часа. Потоа од патниците било побарано да се симнат, а нивниот багаж бил нареден надвор од авионот

Дојава за бомба е пријавена вчера на летот на „Рајанер“ од Полска за Грција. Медиумите наведуваат дека веднаш по тревогата грчки воени авиони се обиделе да го придружуваат летот. На летот, кој полетал од Катовице во Полска, имало над 190 луѓе.

Според извештаите, пилотот на авионот „боинг 737“ предупредил за евентуално постоење на експлозивен механизам.

Авионот слетал во изолирана област на меѓународниот аеродром во Атина во Грција по доцнење од речиси два и пол часа. Потоа од патниците било побарано да се симнат, а нивниот багаж бил нареден надвор од авионот.

Подоцна полицијата во соопштение напиша дека од темелната проверка на патниците и на авионот не било откриено ништо сомнително.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Крводарителска акција во чест на Тоше Проески

Следно

Девет месеци се чекаше судењето за прегазениот пешак, а денес се одложи поради неразумна причина: Адвокатот имал поважен случај!

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop