Лазаров: Искуството како играч и тренер ми кажува дека секогаш треба секогаш да бидеме внимателни

November 3, 2024
1 min read

Селекторот на машката ракометна репрезентација Кирил Лазаров даде одговор за отсуството  на овој список пред квалификациите за пласман на ЕП, а тоа се Никола Митревски и Филип Талески.

Искусниот голман и членот на Бенфика не се најдоа на списокот на ракометари за дуелите со Естонија и Литванија закажани за 6 и 10 ноември.

-Ние започнавме еден процес на подмладување на репрезентацијата и истиот мора да се доврши. Мислам дека се појавуваат нови играчи, млади и добри кои во своите клубови покажуваат квалитет и ги носат нивните екипи до добри резултати. Од никого не се откажуваме, напротив имаме потреба од играчи. Сепак радува фактот што имаме можност да бираме. Сите ќе бидат во комбинација за настап за СП кое се игра во јануари.

-Што се однесува до Никола Митревски, мислам дека имаме млади, квалитетни голмани кои треба да добијат шанса. Да видиме како ќе се однесуваат кога ќе имаат поголема одговорност и зад нив нема еден голем голман од калибарот на Митревски. Сакам да видам како тоа ќе изгледа на овие два натпревари.

-Кога е во прашање Талески, тој е квалитетен, добар играч, но во последно време на Европското и Светско првенство и на другите официјални натпревари мислам дека не покажа доволно квалитет, во доволно квалитетно издание. Затоа се решив во моментов да дадам шанса на други играчи, како што е Павле Атанасијевиќ. Можеби малку ќе го промениме концептот на игра, ама тоа не значи дека во иднина нема да биде повикан. Тоа е моја одлука, идејата е да создадеме квалитетна репрезентација, да пробаме да бидеме компетитивни со најдобрите. Дали ќе успееме…но мислам сме на добар пат, – рече Лазаров кој не ги во ниту еден момент не ги потценува Естонија и Литванија.

-Искуството како играч и тренер ми кажува дека секогаш треба да бидеме внимателни. Имаме доста материјали од двете селекции, јас сум доброо подготвен. Имаме доста инфоормации. Ќе видиме како ќе се однесуваат нашите ривали. Не бегаме од фаворитската улога, мислам дека ќе биде многу потешко против Литванија, сериозна селекција, репрезентација со традиција. Очекувам тежок и неизвесен натпревар во Вилнус,  -истакна селекторот.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид, бараат невладините

Следно

Убавото време овозможи капење во популарната турска туристичка дестинација Анталија

Latest from Blog

Почна одбројувањето за владините фотелји – кој ќе преживее до први јули?

Од „Илинденска“ потврдуваат дека Мицкоски останува на позицијата внимателно да ги следи состојбите во институциите и реконструкцијата е резултат на неговото незадоволство од функционери што се оддалечуваат од принципите врз кои е

Иран: Мировниот договор со САД зависи од завршувањето на војната во Либан (ВИДЕО)

Иран повторува дека не сака нуклеарно оружје. Спроведувањето на американско-иранскиот мировен договор не е можно ако војната во Либан не заврши, изјави Сејед Мехди Табатабаи, заменик за комуникации и информации во Кабинетот

Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола

Од утре до 1 јули, времено нема да сообраќаат дел од патничките возови во земјава и тоа од Скопје во правец кон Велес, Гевгелија и Битола, поради завршни градежни работи за проектот

Николоски: Новата линија Виена–Охрид ќе го засили туризмот и економијата

На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на „Аустриа Ерлајнс“, со што и официјално започна да функционира новата редовна авиолинија Виена – Охрид. Линијата ќе се реализира двапати
Go toTop