Лајчак: Ако не се формира ЗСО, нема да има ниту договор меѓу Србија и Косово

March 14, 2023
1 min read

Специјалниот пратеник на Европската Унија (ЕУ) за дијалогот меѓу Белград и Приштина вели дека целта на предлогот на ЕУ е нормализација, а не капитулација на една од страните. Вели дека целта е да се бара вин-вин ситуација и да се отвори европската врата

Специјалниот пратеник на Европската Унија (ЕУ) за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, во изјава за Српската радио-телевизија (РТС) кажа дека во Косово мора да се формира Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО) и нагласи „ако ја нема Заедницата, нема ниту договор“.

Предлогот на ЕУ, за кој српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти постигнаа согласност на средбата во Брисел, потенцира Лајчак, говори за нормализација на меѓусебните односи, а не за капитулација. Целта, додаде тој, не е некој да победи или да загуби.

„Целта е да се бара вин-вин ситуација и да се отвори европската врата“,

нагласи специјалниот пратеник на Европската Унија (ЕУ) за дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Претстојната средба на 18 март во Охрид, истакна Лајчак, има за цел да се постигне договор за исполнување на договорот што има добиено таква поддршка од ЕУ што не се памети во минатото.

Мирослав Лајчак од понеделникот престојува во Белград, а денеска треба да ги продолжи разговорите со Вучиќ. 

Косовскиот премиер Албин Курти во понеделникот изјави дека се разгледуваат 15 модели кои ЕУ ги понудила за формирање на Заедницата. Не сакаше да открие за какви модели станува збор, туку само кажа дека некои модели се воспоставени во европските земји за националните малцинства кои живеат во нив.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведен 42-годишник кој пукал со пиштол на коледе

Следно

Гардијан: Прекумерната употреба на фосфор може да го наруши глобалното производство на храна

Latest from Blog

Канада ќе го урне училиштето, во кое се случи масакр

Одлуката за уривање на средното училиште е донесена по состаноците на училишниот одбор со жртвите, членовите на семејствата и локалната заедница, објави премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Еби. „Сакаме да се осигураме

САД им ги укинаа визите на 27 лица- дистрибуирале порнографски слики со деца на „Дизни“ бродовите

Американската служба за имиграција и царина им ги одзеде визите на 27 лица, претежно од Филипините, вклучувајќи и некои кои работеле на бродови на „Дизни Круз Лајн“, под сомнение за примање, поседување,

Државата го турка проектот за рудникот Крстов Дол: Која е фирмата што ќе копа?

Владата им дозволи на Американците да истражуваат колку количества антимон останале во рудникот „Крстов дол“ кај селото Луке, Крива Паланка. За 5 милиони долари, тоа ќе го прави австралиска компанија, која ја
Go toTop