Кудус од Ајакс постигна фантастичен гол и го соблече дресот за да му одаде почит на Атсу, но сите зборуваат за потегот на судијата

February 20, 2023
1 min read

Ајакс победи против Спарта со 4:0 и ја продолжи потерата кон првото место на табелата во Холандија, но она за што зборуваат сите во оваа земја е реакцијата која ја имаше судијата по последниот погодок на овој меч.

Мохамед Кудус постигна фантастичен гол од слободен удар и ги постави конечните 4:0, но за време на прославата на голот, реши да му одаде почит на својот сонародник од Гана.

Кристијан Атсу го загуби животот во катастрофалниот земјотрес во Турција и неговото безживотно тело за жал беше пронајдено после 12 дена, поради што Кудус реши својот погодок да го посвети на поранешниот фудбалер на Челси и Њукасл.

Фудбалерот на Ајакс го соблече дресот и на маицата под него имаше порака за Атсу, која овојпат го трогна и главниот судија на натпреварот.

Во вакви ситуации, судиите ги следат правилата и стандардно покажуваат жолти картони, но Ван Бокел го заобиколи законот и наместо да покаже опомена, го прашуваше емотивниот Кудус дали е добар.

– Ние имаме наши фудбалски правила, но ова е над фудбалот. Животот и смртта се над фудбалот. Судијата ми пријде, ми порача дека не е дозволено да го правам тоа, но ми додаде дека сфаќа дека тоа е поголема ситуација од фудбалот. Голем респект од мене до судијата, – порачал Кудус по средбата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Полициски кучиња влегоа во затворот во Идризово, се претресуваа ќелиите, еве што е пронајдено

Следно

Бајден најави дополнителен воен пакет од 500 милиони долари за Украина

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop