Кралот Чарлс го покани Бајден во посета на Британија, американскиот претседател прифати

April 6, 2023
1 min read

Британскиот крал Чарлс Трети го покани американскиот претседател Џо Бајден да го посети Обединетото Кралство, а претседателот Бајден ја прифати поканата, соопшти Белата куќа.

Поканата е упатена за време на разговор меѓу Бајден и Чарлс Трети, при што американскиот претседател го информирал британскиот крал дека првата дама на САД би сакала да присуствува на неговото крунисување во мај.

Вообичаено, американските претседатели не присуствуваат на церемониите за крунисување на британските монарси.

– Претседателот Бајден рече дека ја цени поканата од кралот Чарлс и со нетрпение ја очекува државната посета, рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер на прес-конференција, додавајќи дека во моментов нема прецизна временска рамка за посетата, иако таа ќе се случи „во блиска иднина“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Србија подготвува закон со кој ќе забрани продажба на електронски цигари на малолетници

Следно

Злато и бронза во ритмичка гимнастика за Ева и Илина во Германија

Latest from Blog

Интересно: Англичаните уште сега се подготвуваат за пенал – серии во групната фаза!

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Селекторот на Англија, Томас Тухел, ги предупреди своите играчи дека мора да бидат целосно подготвени да поминат низ изведување пенали во најмалку две нокаут рунди на патот до нивната сонувачка титула

Можеби Русија не планира но, БРИТАНИЈА И ГЕРМАНИЈА ПРОВОЦИРААТ ВОЈНА

Британските вооружени сили во раните утрински часови во неделата пресретнаа руски нафтен танкер во Ламанш, во операција која ја потврди британскиот премиер Кир Стармер, пренесува BBC. Во шестчасовната акција, командоси на Кралската

СДСМ: Кризата со откупот на млеко се зголемува, Мицкоски нема пари за земјоделците

Додека Мицкоски го штити Трипуновски, сточарите се во тешка криза, порача Александар Димитриевски од Комисијата за земјоделство на СДСМ на денешната прес-конференција. „Додека Мицкоски го штити Трипуновски сточарите се во тешка криза.

ВЛЕН: По две децении застој, автопатот Скопје–Блаце конечно се реализира

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека автопатот Скопје–Блаце влегува во фаза на конкретна реализација, откако е завршена постапката за избор на изведувач, со што, како што наведуваат, еден од најважните инфраструктурни и стратешки проекти

Каролина Гочева, Дуке Бојаџиев и Бранислав Николов приредија незаборавна вечер во Благоевград

Втората фестивалска вечер на „Crossing Jumaya“ во Благоевград донесе силни емоции, балканска музичка магија и настапи кои уште долго ќе се паметат. По успешното отворање на фестивалот, втората вечер ја потврди неговата
Go toTop