Кралица Урсула

May 9, 2023
1 min read

Мандатот на вон дер Лејен трае до 2024, кога треба да се одржат и изборите за нов Европски парламент. Исходот од изборите треба да одлучи, барем теоретски, и кој ќе ја наследи вон дер Лејен на нејзината позиција.

На година и нешто до изборите, централно-десничарската Европска народна партија, најголемата партија во Европскиот парламент, реши да застане зад претседателката на ЕК, исто како и германските конзервативни партии. Тоа што за сега е нејасно е дали таа ќе ја добие поддршката од Макрон која беше клучна за освојување на првиот мандат во 2019.

Вештоста со која вон дер Лејен успева да ги придобие и Зелените, и Социјалистите и демократите, доведе до тоа ниту една од овие партии да не се потруди да извади и понуди кредибилна алтернатива на актуелната претседателка.

Политико пренесува изјава на член на Европската народна партија кој проценува дека кој било фронтален напад на вон дер Лејен ќе дојде од крајната левица или десница.

Политико потсетува дека вон дер Лејен е дел од првичната ЕУ лоза, преку нејзиниот татко Ернст Албрехт кој е еден од првите службеници на ЕУ. Таа 13 години живее во бриселската населба Иксел „во сенка ЕУ институциите“, посетувајќи Европско училиште, дружејќи се со децата на ЕУ елитите, учејќи француски и германски.

Самото доаѓање на вон дер Лејен во Брисел не е преку стандардни избори, туку преку преговори зад затворени врати на кои беше одбиен предлогот на ЕУ конзервативците за претседател на ЕК (Манфред Вебер) и наместо тоа работата и беше дадена на тогашната министерка за одбрана на Германија.

Владеењето на Урсула за Политико повеќе потсетува на монарх отколку на демократски избран лидер кој се труди да ја добие поддршката од народот.

„Секако, вон дер Лејен не е таа што е виновна за фактот дека канцеларијата на претседателот на Европската комисија никогаш не било замислено да биде пополнета на избори. Таа е направена од националните престолнини за спроведување на нивната волја, а не како ривал на нивната моќ – затоа се избрани и неутралните термини како ‘комисија’ и ‘комесари’, а не ‘министерства’ и ‘министри’,“ пишува Николас Винкур во текстот за Политико.

И покрај ваквата поставеност, вон дер Лејен успева да го искористи ковидот, а потоа и војната во Украина, за досега незабележано проширување на своите моќи во однос на првично планираните граници, па сега Кмисијата е одговорна за планирање на здравствената и одбранбена политика, кој претходно беше резервирана за земјите членки.

Начинот на кој вон дер Лејен доаѓа на власт, прескокнувајќи го Вебер како „шпиценкандидат“, е прекршување на ветувањето од 2014 дека народот ќе го избира и претседателот на Комисијата, односно која група ќе победи таа да го даде кандидатот. Процената на Политико е дека во 2024, конзервативците ќе се обидат да ја истераат оваа правдина, па и покрај поддршката за Лејен сепак да инсистираат победникот на изборите да даде кандидат за претседател.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЗА ФЕСТИВАЛОТ НА МОНОДРАМА ВО БИТОЛА НАЈМНОГУ АПЛИКАЦИИ ОД ИЗРАЕЛ, ДОАЃААТ И ТЕАТАРЏИИ ОД МОНГОЛИЈА

Следно

Чавушоглу утре во Москва на разговори за Сирија

Latest from Blog

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено

Манчини со пораз се врати на клупата на Италија: „Не смееме да дозволиме поразите да нè обесхрабрат“

Роберто Манчини со пораз го започна новиот мандат на клупата на италијанската репрезентација. Аѕурите на домашен терен загубија со 0-2 од Белгија во првото коло од Лигата на нации, иако италијанскиот селектор

Македонија лидер на Балканот: Речиси една третина од домашната струја е произведена од сонце

Македонија се издвојува како соларен лидер на Балканот според односот меѓу произведената електрична енергија од сонце и вкупната годишна потрошувачка на електрична енергија. Според податоците на Ember за 2025 година, соларните електрани
Go toTop