Ковачевски очекува во најбрз рок да се најдат вандалите што го каменуваа македонскиот клуб во Благоевград

February 5, 2023
1 min read

Премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук напиша дека најостро го осудува вандалскиот чин на каменување на македонскиот културен клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград. Во објавата порача дека очекува во најкраток можен рок институциите во Република Бугарија да ги најдат сторителите и соодветно да ги казнат.

„Каменувањето на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград е чин на вандализам кој најостро го осудувам. Ваквите активности не соодвествуваат на договорената политика за унапредување на добрососедските односи, взаемното почитување и пријателство меѓу две соседни држави. Очекувам од страна на надлежните институции во Бугарија во најкраток можен рок да се пронајдат и санкционираат сторителите и да се осуди вандализмот. Северна Македонија, во духот на европските вредности, ќе продолжи со заложбите за зацврстување на дипломатската и позитивна агенда меѓу Северна Македонија и Бугарија“,

пишува во објавата на премиерот Ковачевски.

Инаку, македoнскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград беше каменуван синоќа, а настанот во полиција бил пријавен околу 21:40 часот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дури 8.500 Албанци добиле бугарско државјанство, а еве колку Македонци поднеле барање за бугарско потекло

Следно

Фабио Канаваро доби отказ во Серија Б

Latest from Blog

Кина со жестоки критики кон САД пред пристигнувањето на Трамп: Престанете да нѐ оцрнувате

Да ве потсетиме дека минатата недела американскиот Стејт департмент санкционираше десет лица и компании од Кина и Хонг Конг, обвинувајќи ги дека директно ѝ помагаат на иранската армија. Овој потег на Вашингтон

Се готви ребаланс на Буџетот, Димитриеска-Кочоска ги почна состаноците со ресорните министри

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку објава на социјалните мрежи информира дека денеска ги започнала состаноците со ресорните министри за подготовка на ребаланс на Буџетот за 2026 година. Прв на средба со
Go toTop