Ковачавески и Донев телефонски разговарале за актуелните случувања во односите меѓу двете земји

1 min read

Премиерите на Бугарија и на Северна Македонија, Галаб Донев и Димитар Ковачевски, денеска имале телефонски разговор за актуелните случувања во односите меѓу двете земји.

Прес-службата на бугарската Влада соопшти дека двајцата премиери разговарале за потребата претстојните празнувања на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев да се одвиваат мирно и непречено.

Во таа насока, в понеделник на 30 јануари вршителот на должноста вицепремиер и министер за внатрешни работи на Бугарија Иван Демерџиев и претседателот на државната агенција „Национална безбедност“ Пламен Тончев ќе имаат работна средба со своите македонски колеги во Скопје на која ќе ги прецизираат заедничките активности за да се гарантира мирно и безбедно одбележување на 4 февруари.

– Донев и Ковачевски разговараа и за придобивките од подлабоката соработка меѓу двете земји во областа на безбедноста, особено во случаите на криминални дејствија или закани врз граѓани на Република Северна Македонија со бугарски идентитет. Во разговорот, премиерот Донев повторно потсети на очекувањата, Република Северна Македонија да ги преземе неопходните активности за ставање крај на говорот и актите на омраза, како и за почитување на правата на македонските Бугари, се наведува во соопштението од прес-службата на бугарската влада.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Несоница довела до оставката на папата Бенедикт во 2013 година

Следно

СТРАШНИ СЦЕНИ ОД ТУРЦИЈА – автобус слета во езеро и потона, водата за миг ги потопи патниците (ВИДЕО)

Latest from Blog