Ние во основа ги губиме, да не кажам дека ги изгубивме, причините поради кои Охрид и Охридскиот регион, тоа денеска се три општини – Охрид, Струга и Дебрца, огромна територија, се ставени во 1979, 1980 година на листата на заштитено светско наследство, истакна м-р Никица Корубин, археолог и историчар на уметност, во вечерапната дебата во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.
„Тие критериуми поради кои е ставен Охрид на листата на заштитени подрачја, во однос на културното и природното наследство, систематски се губат. Систематски се губат поради негрижата на државата и тоа е еден сложен систем на негрижа во кој верувам дека вина има секој, а од друга страна истата таа држава лобира за постојано одложување на неодложното“, смета Корубин.
Извор: zurnal.mk


