Коњановски: Стартапите се двигател на локалниот економски развој во Битола

May 4, 2026
1 min read

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска имаше поздравно обраќање на Факултетот за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, по повод почетокот на претприемачката недела насловена „Се развиваме заедно“.

Настанот, кој ќе трае до сабота, има за цел да ги поттикне младите да развиваат стартапи и да придонесат во унапредување на малите и средни претпријатија. Во рамки на неделата, учесниците ќе работат во тимови, а на крајот ќе ги презентираат своите идеи и резултати.

Во своето обраќање, Коњановски истакна дека на Општина Битола, како и на локалните компании и јавни претпријатија, им се потребни луѓе со претприемачки дух, визија и подготвеност да бидат дел од современите текови.

„Потребни ни се кадри кои размислуваат иновативно и имаат храброст да создаваат нови вредности. Само така можеме да изградиме посилна и поконкурентна локална економија“, нагласи Коњановски.

Тој изрази уверување дека ваквите иницијативи ќе ги охрабрат младите да го препознаат сопствениот потенцијал и да го насочат кон реализација на нови и иновативни решенија кои ќе придонесат за подобрување на секојдневието и иднината.

Претприемачката недела „Се развиваме заедно“ претставува платформа за размена на идеи, знаење и искуства, со фокус на развој на претприемништвото и поддршка на младите во нивните бизнис иницијативи.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Секоја чест: Претстојниот Мундијал ќе му биде 18-ти во кариерата!

Следно

БИТОЛА СО ФОКУС НА БИЗНИСОТ: Коњановски го истакна значењето на претприемништвото за развој на градот

Latest from Blog

Божиновска: Младите инженери се потенцијал за напредок на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со годинешните добитници на престижното признание „Инженерски прстен“, при што разговарала со младите инженери за нивните идеи, проекти, интереси и визии
Go toTop