Комо знае како против Јувентус (ВИДЕО)

October 19, 2025
1 min read

Тимот на Комо предмалку извојува супер победа над тимот на Јувентус на домашен терен во рамките од првиот дуел од денешната Серија А понуда.

Пред полниот свој стадион, Комо одигра одличен дуел, создаде десетина шанси, две од нив ги искористи и заслужено победи со 2:0 против реално големиот фаворит.

По само четири минути игра домаќинот поведе преку Кемпф, за да победата биде потврдена на десетина минути до крајот, кога за двојно водство погоди Нико Паз.

Со оваа победа Комо се изедначи со бодовите токму со Јувентус. Двата тима имаат сега по дванаесет бодови, а се на петтата односно шестата позиција.

 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПРОЈА СО АЈВАР: Се прави брзо, а е уште повкусна ако се остави еден ден

Следно

Во Битола до 15 часот гласале 31,45 проценти од гласачите

Latest from Blog

Ветер во грбот на Путин, ЕДИНСТВЕНА РУСИЈА освои 349 мандати

Централната изборна комисија (ЦИК) на Русија ги соопшти конечните резултати од изборите за Државната дума од деветтиот сазив, на кои гласале повеќе од 59,8 отсто од избирачите, односно 67.448.094 граѓани, јавуваат руските

Коњановски во „Cosmic Development“: Битола има млади луѓе кои успешно градат кариера во ИТ секторот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја посети компанијата „Cosmic Development“, каде што оствари средба со раководниот тим и дел од вработените. Коњановски по посетата истакна дека бил пријатно изненаден од посветеноста на
Go toTop