Која е втората НАТО-членка што покрај Грција ќе патролира на македонското небо?

March 24, 2023
1 min read

Одлуката ќе биде донесена наскоро, а во игра се и други држави покрај Бугарија и Турција, кои првично се споменуваа, вели министерката за одбрана во „360 степени“ на ТВ Алсат

Се прави анализа за тоа која ќе биде втората земја членка на НАТО, покрај Грција, што ќе спроведува т.н. „ер-полисинг“ или воздушно патролирање на македонското небо, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат. Според неа, одлуката ќе биде донесена наскоро, а во игра се и други држави покрај Бугарија и Турција, кои првично се споменуваа.

„Тимот на Министерството и делот на авијацијата во генералштабот прават анализа за ова прашање, во скоро време очекувам да биде доставен предлогот од нивна страна до мене. Можеби ќе се работи за некоја друга земја, а не од овие што ги споменавте (Бугарија и Турција, н.з.). Повеќе аспекти се земаат предвид во проценките, прво да се погледне подготвеноста на државата од аспект на поседување на воздухоплови, меѓутоа и проценка на тоа од каде доаѓаат потенцијалните ризици или закани за нашата безбедност. Тоа се повеќе аспекти кои ќе бидат дел од анализата“,

вели министерката за одбрана.

Во однос на прашањето за тоа која институција носи одлука дека треба да се собори летало што без дозвола го нарушило воздушниот простор на земјава, министерката Петровска вели дека и тоа ќе се прецизира во скоро време.

„Петровска: Тоа е во рамки на НАТО-процедурите и во моментов не е донесена таква одлука. Но, тоа не значи дека ако биде нарушен воздушниот простор со летало кое не е пријателско, не може формално-правно да биде донесена таква одлука.

360: Ако има потреба да се урне такво летало, сега како се постапува?

Петровска: Врз основа на она што е важечко, имаме ‘ер-полисинг’ со Грција и комуникацијата што ја имаме со центрите задолжени за воздушната безбедност, доколку се појави такво летало и доколку биде известен државниот врв, може да ја донесе одлуката министерот за одбрана, началникот на генералштабот или претседателот на државата. Дури и во постојниот систем.

360: Има ли капацитет нашата армија да урне летало?

Петровска: Во соработка со сојузниците – апсолутно, да. Тоа е предноста на колективниот систем за безбедност, дека не секогаш мора да ги имате и подеднакво да ги развивате сите аспекти на безбедност. Или, ако во моментот не располагате со нешто, може да биде покриено од страна на сојузниците.“

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски го распадна здравството, грешките на лекарите во Македонија ги покрива земјата и власта

Следно

Франција забранува Тик-ток на мобилните телефони на јавните службеници

Latest from Blog

Проданоски: Граѓани и волонтери се обединија во акција за позелен Прилеп

Околу 500 садници беа засадени во близина на манастирот „Св. Димитриј“ кај прилепското село Селце, во акција организирана од Здружението „Сина револуција“, со поддршка од компанијата „Бехтел ЕНКА“. Во акцијата, организирана по

И ЗДРАВЈЕ И РАБОТА: Македонија не смее да остане надвор од европските и светските процеси за развој на современо и одговорно рударство

Активирањето на домашните минерални потенцијали е можност за нови инвестиции, работни места, развој на домашните компании и технолошка модернизација на македонското рударство Светот влегува во нова фаза на развој на рударскиот сектор.

Скопје во центарот на регионалната енергетска соработка – прв форум посветен на зелената транзиција и жените во енергетиката

На 25 ноември 2026 година, Скопје ќе биде во центарот на регионалниот дијалог за иднината на енергетиката. Во хотелот „Александар Палас“ ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори и

Струјата во Македонија речиси 60 отсто поевтина од европскиот просек: Еве колку плаќаат граѓаните во ЕУ

Македонија има една од најниските цени на електричната енергија за домаќинствата во Европа, покажуваат најновите податоци за првата половина од 2026 година. Според анализата објавена од „Еуроњуз“, електричната енергија во Македонија е

Николоски: До крајот на мај автопатот Кичево – Охрид ќе биде целосно пуштен во употреба

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со одлична динамика. Силно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави заменик претседателот на Владата и министер
Go toTop