Кој е „Лудиот“ кој Аргентина го избра за претседател?

November 20, 2023
1 min read

Економист, радио водител, во младоста фудбалер и член на рок бенд кој преработува песни од Стонси, тренер по тантрички секс, човек кој телепатски одржува контакт со своето умрено куче…. има уште доста да се каже за новиот аргентински претседател Хавие Милеи. 

Уште од младоста го имаат завикано „El Loco“ (Лудиот) и до сегашните 53 години, со ништо не покажал дека му треба нов прекар.

На политички план: самиот се нарекува анархо-капиталист, вети радикално укинување на многу министерства (10 од 18), палење на централната банка и доларизација на економијата бидејќи домашниот пезо постојано ја губи битката со инфлацијата, го мрази Папата, мрази комунисти, муабети за клима, абортус….

Главно запали кај младите и гневните ветувајќи им дека ќе дига политичари на клоци.

„Ако треба да бирам меѓу државата и мафијата, би ја избрал мафијата. Таа има кодекс, таа се прилагодува на состојбата, таа не лаже. И пред сè, мафијата се натпреварува со некого а државата е монопол“.

За реформите во владата вака:

За војната меѓу Израел и Хамас вака:

За радоста од победата вака:

Дома чува четири огромни мастифи од по стотина кила. Им дал имиња по десничарски економисти. Посебен однос има со своето умрено (2017 година) куче Конан (Варваринот) со кое тврди дека е во телепатски контакт. Никогаш женетиот Милеи на чуден начин е близок и со својата помала сестра Карина на која ѝ вети дека ќе ја прави прва дама во државата ако стане претседател.

На една дебата на која политички опонент му се обрати како на „бушав лик кој живее со осум кучиња и спие со сестра му,“ Милеи го реплицираше само ова: „Немам осум кучиња.“

Што се однесува до тантричкиот секс за  кој себеси се смета за инструктор, тврди дека може да има секс цели три месеци без да ејакулира.

Ех, кој не го може тоа на тие години.

 

 

 

 

 

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

107 години од раѓањето на Васил Куноски, еден од авторите на првиот Буквар на македонски јазик

Следно

На денот на гостувањето на Англија, Скопје личи на заборавен источноевропски провинциски град од пред 40-50 години

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop