Кинескиот претседател Си Ѓинпинг ќе присуствува на самитот на БРИКС во Русија

October 22, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Кинескиот претседател Си Ѓинпинг денес отпатува за Русија за да присуствува на самитот на економскиот блок БРИКС, јавува Анадолу.

Шеснаесеттиот самит на БРИКС ќе биде отворен во градот Казан, чиј домаќин ќе биде рускиот претседател Владимир Путин.

Високиот претставник на Комунистичката партија на Кина, Чаи Чи и министерот за надворешни работи Ванг Ји ќе го придружуваат Си до четврток.

Се очекува Си да одржи билатерални состаноци на маргините на самитот што најверојатно ќе се фокусираат на клучните прашања, како и финансирањето, технологијата, трговијата со храна и проширувањето на членството во блокот.

На настанот, кој се одржува во руската Република Татарстан, се очекува да присуствуваат претставници од 32 земји, вклучително и 24 лидерии на држави, соопшти Кремљ.

БРИКС, составен од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, неодамна се прошири и ги вклучи Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати.

Путин рече дека 34 земји, вклучително и Туркије, изразиле интерес за придружување на блокот.

Експертите предвидуваат дека на самитот ќе се стави значаен фокус на проширувањето на БРИКС.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нови детали за скандалот на Онкологија: Утврдени се неправилности во спроведувањето на пописот на залихите и управувањето

Следно

Муницијата Ѓоккурт ќе ги зголеми одбранбените капацитети на турските борбени дронови

Latest from Blog

Деребан е татко на три првачиња: Децата ми се најголема инспирација, богатство и благослов

Заменик министерот за правда, Ален Деребан, е татко на три дечиња-првачиња. Деребан е од Струга, по образование е магистер по право од областа на меѓународно право и  меѓународни односи, со положен правосуден

Берзанска сесија со 10,72 милиони денари промет – денес доминираат КБ, Тетекс и НЛБ

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 17 март 2026 година, индексот МБИ10 порасна за 0,19% и достигна 9.965,80 поени, додека

Спалети добива нов договор од Јувентус

фото: JuventusFC (X) Според денешното издание на Газета Дело Спорт, тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети е многу близку до потпишување на нов договор со клубот. Истиот би бил со траење со 2027
Go toTop