Кина: Испраќањето оружје во Украина нема да донесе мир

February 23, 2023
1 min read

Заменик-амбасадорот на Кина во Обединетите нации, Даи Бинг, денеска на Генералното собрание по повод годишнината од војната во Украина изјави дека „бруталните факти даваат доказ дека испраќањето оружје нема да донесе мир“.

Главниот приоритет на Пекинг е да постигне прекин на огнот без одлагање, додаде Даи, велејќи дека Кина ќе продолжи да игра конструктивна улога во решавањето на кризата во Украина, јави Гардијан.

Шпанскиот премиер Педро Санчез потврди дека неговата земја ќе испрати шест тенкови „Леопард“ во Украина и, доколку е потребно, ќе го зголеми бројот на 10.

Тој изјави дека Шпанија им понудила на украинските војници да поминат обука за „леопардите“.

Американски официјален претставник изјави дека би можело да потрае и до две години за да се испорачаат американските тенкови М1 Абрамс во Украина.

САД минатиот месец соопштија дека во следните неколку месеци ќе и испратат на Украина 31 тенк М1 Абрамс во вредност од 400 милиони долари. Но, плановите за испорака сè уште не се прецизирани, ниту пак е одреден тајмингот, изјави секретарката на американската армија Кристин Вармут за Си-Ен-Ен.

Австралија ќе испрати дронови во Киев и ќе ги прошири санкциите против Русија, јави Киев Индипендент. Вредноста на дроновите ќе биде 33 милиони долари, а новите санкции ќе се однесуваат на руската армија, владини и медиумски личности.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Шолц: Не треба да се залажуваме за Кина

Следно

Лашкоска: Со Алијанса во Влада нема да се промени ништо, само за кратко се продолжува мандатот на Ковачевски

Latest from Blog

Комуналец – Прилеп: Подобрување на јавните простори со нов парк во типската населба

Во завршна фаза е изградбата на новиот парк во типската населба во Прилеп, кој се гради во близина на стадионот со вештачка трева, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп и Локалната самоуправа.

МИЛИОНИ ЛУЃЕ ПРЕД МАСОВЕН ПОМОР: Еболата влезе меѓу бегалците, ИСИС не дозволува помош!

Епидемијата на ебола во источниот дел на Демократска Република Конго брзо излегува од контрола и се шири со застрашувачка брзина. Локалните власти официјално соопштија дека бројот на потврдени случаи веќе достигнал 1.003,

Божиновска: Две години посветена работа за посилна и енергетски независна Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по повод две години од формирањето на Министерството порача дека институцијата од идеја прераснала во еден од клучните носители на политиките во енергетскиот
Go toTop