Катар: Хуманитарната пауза во Газа продолжена уште два дена

November 28, 2023
1 min read

ДОХА (АА) – Катар објави дека хуманитарната пауза во Газа, која претходно беше договорена меѓу Хамас и Израел, е продолжена уште два дена, известува Анадолу.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Маџид ал Ансари, соопшти дека како резултат на посредувањето меѓу Хамас и Израел постигнат е договор за продолжување на хуманитарната пауза.

Хамас во објавата на социјалната мрежа Телеграм потврди дека е постигнат договор со Катар и Египет за продолжување на хуманитарната пауза уште два дена под исти услови како и во претходниот договор.

Четиридневната хуманитарна пауза меѓу Хамас и Израел стапи на сила во петокот, на 24 ноември, во 07:00 часот по локално време.

Според договорот, ќе бидат ослободени 150 Палестинци од израелските затвори во замена за ослободување на 50 израелски заробеници што ги држи Хамас.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври.

Оттогаш се убиени повеќе од 15.000 Палестинци, од кои 6.150 деца и над 4.000 жени, објавија здравствените власти на палестинската енклава.

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, при што, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Засега не е потврдена: Ќе има ли во Скопје средба Лавров-Блинкен?

Следно

Врнежи од снег со послаб интензитет во Тетово и на Попова Шапка – во Гостивар, на Стража и Пресека врнежи од дожд и снег

Latest from Blog

Бојан Бојковски е нов претседател на Советот на Општина Битола

На конститутивната седница на Советот на Општина Битола, за нов претседател беше избран Бојан Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата ја водеше највозрасната советничка Јагода Талевска од Движењето ЗНАМ, а Бојковски беше единствениот предложен

Неделна финансиска слика: инвеститорите во режим на претпазливост

Последната недела донесе силни осцилации на глобалните и крипто пазари, бидејќи контрадикторните пораки на Федералните резерви на САД создадоа нов бран на неизвесност. ФЕД ги намали каматните стапки за 25 базични поени

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

Според усогласениот компромисен став, останува првичната цел предложена од Европската комисија за намалување на емисиите на стакленички гасови до 2040 година за 90 отсто во однос на нивото од 1990-та, но на
Go toTop