Вршителот на должноста менаџер на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик е непоразен на своите први 10 натпревари како тренер на Манчестер Јунајтед, откако денеска „црвените ѓаволи“ со пресврт дојдоа до нова победа. Триумфот над Кристал Палас од 2:1 беше осмата победа за Јунајтед под водство на Карик, а тимот има и две ремија во двата периода во кои Карик седи на клупата на тимот.
Ова го израмнува Карик со Херберт Бамлет. Рекордер е и натаму Оле Гунар Солскјер, кој беше непоразен во своите први 11 натпревари со „црвените ѓаволи“.
Оваа сезона, Манчестер Јунајтед одигра 7 натпревари под водство на Карик (6 победи и едно реми), а претходно во 2021 година имаше три (2 победи и едно реми).
Извор: vecer.mk


