Кандидатката за премиерка на Бугарија, Марија Габриел во понеделник треба да му достави список со министри на претседателот Радев

1 min read

Кандидатката за премиерка на Бугарија, Марија Габриел предложена од ГЕРБ-СДС, го доби првиот мандат за формирање влада на 15 мај годинава. Разговорите за министрите се во тек, а ја има поддршка од ДПС и ИТН

Претседателот на Бугарија, Румен Радев во понеделник (22 мај) во 15 часот ќе ја прими кандидатката за премиерка Марија Габриел предложена од ГЕРБ-СДС. Ова го соопшти прес-службата на шефот на државата.

Марија Габриел го доби првиот мандат за формирање влада на 15 мај. Неколку дена подоцна таа изјави дека ќе го исполни. 

Кандидатката за премиерка Марија Габриел и претседателот на Бугарија, Румен Радев
Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

„За мене сега е време да преминам во следната фаза – поддршка на влада со првиот мандат, експертска влада за една година со конкретни имиња“,

објасни Марија Габриел.

Шефот на државата Румен Радев денеска во Јамбол, каде присуствува на младински спортски турнир, изјави дека за работна влада е неопходно да се има одржлива политика, јасни принципи и стабилни основи.

„Идејата за уставна влада е добра, но прво нека има просто мнозинство за да имаме влада. Ова е најважно за да имаме парламент што може ќе да го разгледа прашањето за уставни промени“,

рече Радев, објави од БНТ.

Понеделник е рокот во кој Габриел мора да излезе пред претседателот со конкретни имиња на министри. Таа ја има поддршка од ДПС и ИТН. Разговорите за министрите се во тек.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

(ВИДЕО) Јаков Милатовиќ инаугуриран за претседател на Црна Гора

Следно

Не помогна и евроголот на Кејн: И Лигата на Европа сега е далеку за Тотенхем!

Latest from Blog

Трамп казнет со 9.000 долари

Помалку од седум месеци пред претседателските избори во ноември, на републиканскиот кандидат Доналд Трамп му се