Како СЗО стана зависна од Бил Гејтс

February 8, 2023
1 min read

Парите се добредојдени, но тие на Гејтс му даваат енормно влијание врз организацијата која хронично кубури со средства, предупредуваат здравствени експерти. 

„СЗО има помал годишен буџет од една голема болница во САД и само четвртина од буџетот на Американскиот центар за контрола и превенција од болести, а носи огромна глобална здравствена одговорност,“ вели еден од директорите на СЗО, Лоренс Гостин. 

СЗО добива средства на два начина: од членарина на државите-членки и од донации, што државни, што приватни. Членките одвојуваат дел од својот БДП, а процентот се утврдува на секои две години на Светскиот здравствен собир. Но, сè на сè, тие пари прават само 20% од вкупниот буџет на СЗО, додека остатокот зависи од доброволни прилози. 

Тие обично се даваат наменски, за специфични проекти и болести, што значи дека СЗО нема право слободно да располага со нив. Искоренувањето на полио, на пример, долго време беше најсилно финансиран проект, затоа што Гејтс наменија значителен дел од нивните пари за овој проблем.

На ваков начин, многу проблеми остануваат надвор од фокусот, затоа што нема кој да ги финансира. Се разбира, најускратена е светската сиромаштија и нејзините здравствени потреби. 

„Моментално СЗО има целосна контрола само над четвртина од својот буџет“, вели Гостин.

Фондацијата на Гејтс стои зад 88% од целиот износ што доаѓа од филантропски организации. Далеку зад нив се Фондацијата Блумберг (3.5%), Велкам Траст (1.1%) и Рокфелер (0.8%).  

Иако структурата на буџетот на СЗО се менувал низ годините, Фондацијата на Гејтс стандардно е втора зад САД, а накратко и зад Германија, кога таа во времето на Трамп стана најголем финасиер.

Професорката за јавно здравје, Келеј Ли, смета дека уделот на Гејтс ја компромитира независноста на СЗО. ЦЕО-то на организацијата, Марк Сузман, решението го гледа во зголемувањето на членарината на државите-членки.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Струмичкиот театар ќе ги донира парите од едномесечната продажба на билетите за настраданите во Турција и Сирија

Следно

Градоначалникот на Благоевград: Ќе ги казнам вработените што фрлале камења на македонскиот клуб како што Скопје ги казнува цариниците и полицајците

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop