Јужнокорејската опозиција планира во сабота да гласа за предлогот за импичмент на претседателот

December 5, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Опозициските партии во Јужна Кореја денес соопштија дека во сабота ќе гласаат за предлогот за отповикување на претседателот Јун Сук Јеол по неговиот неуспешен обид да воведе воена состојба, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу,

Главната опозициска Демократска партија, заедно со другите пет помали опозициски партии, вчера го поднесе предлогот што беше претставен денес во Националното собрание.

Чо Сеунг Рае, заменик-портпарол на ДП, рече дека планира да одржи гласање за предлогот во сабота навечер за да им се даде доволно време на пратениците на владејачката партија да размислуваат за нивната одлука за постапките на Јун, според новинската агенција Јонхап.

Потребно е двотретинско мнозинство за усвојување на предлогот, за што ќе биде потребна поддршка од најмалку осум пратеници на владејачката Партија на моќта на народот.

Сепак, владејачката партија вчера соопшти дека ќе се спротивстави на потегот на опозицијата да го отповика Јун.

Клучната одлука беше донесена на состанокот на пратениците на владејачката Партија на моќта на народот, кои го поддржаа ставот на партијата да се спротивстави на импичментот на претседателот Јун.

Националното собрание денес, исто така, усвои предлози за импичмент на главниот државен ревизор и тројца врховни обвинители во врска со нивните улоги во истрагите поврзани со преместувањето на претседателската канцеларија и првата дама Ким Кеон Хи.

Во телевизиско обраќање доцна ноќта во вторникот Јун прогласи воена состојба, но беше принуден да ја укине само неколку часа подоцна откако пратениците едногласно гласаа за блокирање на наредбата поради протестите низ целата земја.

– Железничарите започнаа генерален штрајк –

Синдикалните работници на Корејската железничка корпорација (КОРАИЛ) започнаа генерален штрајк на неопределено време денес, прекинувајќи го железничкиот сообраќај во Сеул и во други делови во земјата.

Некои линии на воз и метро доцнеа и беа откажани поради штрајкот, според Јонхап.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лефков: Дамева, како и нејзини претходници се едни од виновниците за довербата во правосудството од 2%

Следно

Аморим по поразот од Арсенал: Мора да ја подобриме одбраната

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop