Јокиќ и Дончиќ во „првата петорка“ на сезоната во НБА лигата

1 min read

Никола Јокиќ и ѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ се најдоа во идеалниот тим на сезоната во НБА лигата, со што добија уште едно индивидуално признание. Јокиќ пред неколку седмици беше избран и за најкорисен кошаркар во најсилната лига на светот.

Покрај нив „дрим тимот“ на сезоната во НБА го сочинуваат уште, Јанис Адетокумбо (Милвоки), Шај Гилџес Александар (Оклахома) и Џејсон Тејтум (Бостон).

Јокиќ по четврти пат во кариерата успеа да се најде во првата петорка на НБА лигата. Во идеалниот тим првпат беше во 2019 година, потоа во 2021 и 2022 година.

Денвер Нагетс неодамна беше елиминиран од НБА плеј-офот по серијата натпревари против Минесота Тимбервулфс, додека Далас на Дончиќ поведе со 1-0 во финалната серија против Минесота.

 

Извор: kurir.mk

Претходно

Денеска се слават Св. Кирил и Методиј, основоположници на словенската писменост

Следно

Десетици жртви во повеќенеделен топлотен бран во Мексико

Latest from Blog

Разгорување на огнот

Израелското разузнавање користело компанија за да достави комуникациски уреди наместени со експлозиви до милитантната група Хезболах,