Јаневска: ВМРО-ДПМНЕ со долгорочен план за покачување на платите на наставниците, образованието конечно станува приоритет

November 6, 2024
2 mins read

Во вечерниот подкаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се осврна на темата за зголемувањето на платите на наставниците и начинот на кој истото беше прифатено од страна на синдикатите. Јаневска испрати силна порака дека зголемувањето на платите не е само краткорочна мерка, туку дел од долгорочен план за обезбедување на стабилност и мотивација за наставниците, кои според неа се клучни за подобрување на квалитетот на образованието во Македонија.

Јаневска истакна дека чувствува голема одговорност кон луѓето кои ја изгласале и дека постојано се труди да биде во контакт со нив. Таа исто така смета дека наставниците се основните носители на образовниот систем и дека нивната улога е неизмерно важна за развој на образованието. Според Јаневска, за да се поправи целиот образовен систем, неопходно е да се обрне внимание на клучните чинители, кои како што потенцира се самите наставници.

-Има многу други, но наставниците се најважните затоа што тие се тие што поучуваат и предаваат знаење, вештини, и компетенции на учениците или на студентитe, рече Јаневска.

Јаневска ги објасни и деталите од преговорите со СОНК, нагласувајќи дека тие не биле краткорочни, туку долготрајни и започнале веднаш по промената на власта. Таа исто така даде до знаење како се одвивале преговорите со СОНК.

-Во тој период правевме ребаланс на буџетот, мораше тоа да се направи затоа што, за жал, претходната власт остави празен буџет во однос на платите на наставниците од основно до високо образование, истакна Јаневска.

Во однос на тоа како претходната власт се однесувала кон наставниците, Јаневска истакна дека не биле обезбедени доволно средства за платите на наставниците од високото образование и дека средствата биле недостапни за сите категории наставници.

-Откако го направивме првиот чекор и обезбедивме плати за овие клучни чинители, почнавме преговори со СОНК и не само со СОНК, туку и во владата имаше размислување, како што постојано велевме, дека образованието треба да биде еден од приоритетите во самата влада, дека треба нешто да направиме за да ги мотивираме дополнително наставниците, покрај другите мотиви што ќе се обидеме да им ги пружиме, да си ја извршуваат својата функција и својата должност и обврска со задоволство, а не со чувство на тежина дека платата не им стигнува во текот на месецот да ги задоволат најосновните потреби, изјави Јаневска

Јаневска ги посочи и напорите за долгорочно решение во однос на платите на наставниците, потврдувајќи дека по постигнувањето на договорот со СОНК биле направени конкретни проекции за покачување на платите во наредните 4 години.

-Поентата во овој договор не е само покачувањето на платите од 5% оваа година, туку ние на наставниците им даваме сигурност за следните 4 години. Во следните 4 години тие знаат дека постојано нивните плати ќе се покачуваат и ќе се покачат од 7,5 до 10%, а за 2026, 2027 и 2028 година од 10 до 12,5%, што значи најмалку 46% покачување за 4 години, јасно изјави Јаневска.

Јаневска посочи и дека има простор за дополнителни покачувања доколку економската ситуација во државата се подобри.

-СДС вели дека им ги покачиле платите повеќе од тоа за 7 години, но јас тврдам дека ако ситуацијата се подобри малку во економијата во државата, а како што сме тргнале ќе се подобри, наставниците ќе добијат и повеќе од тоа. И јас секогаш ќе стојам со нив, до нив и зад нив, за да им овозможам полесен живот за да можат да се посветат на својата работа, заклучи Јаневска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОН: „Палестинците гладуваат додека светот гледа“

Следно

Владата на Мицкоски ги скрати парите за превентивните тестирања за ХИВ, во кои се опфатени и ранливи и маргинализирани групи на граѓани

Latest from Blog

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот
Go toTop