Јаневска: Светска банка препознава дека образованието е владин приоритет и ќе продолжи да помага во неговиот развој

December 4, 2024
2 mins read

Исклучително е важна поддршката која Македонија ја добива од Светската банка за да го подобри квалитетот на образованието и да го зајакне овој клучен столб на севкупниот општествено економски развој. Благодарни сме на вниманието кое ни го посветувате и ни помагате како земја во развој поскоро да ја достигнеме целта, да бидеме развиена земја и фактор кој ќе има поголем придонес кон креирањето на глобалните промени.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната панел дискусија за Економскиот извештај на Светска банка за Европа и Централна Азија, насловена „Подобро образование за посилен раст“, што се одржа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

„Како релативно нова Влада, која мандатот го започна со силно изразена волја за промени во образованието, детектиравме повеќе клучни предизвици со кои ќе се справиме во текот на мандатот, а од голема полза ќе ни биде и извештајот кој денес е презентиран. Сите одговори ќе ги формулираме низ демократски процеси, транспарентно и со учество на сите општествени чинители, кои имаат волја и знаење да придонесат за градење подобра иднина на државата“, рече Јаневска, додавајќи дека меѓу нив ја вбројува и Светската банка.

Посочи дека Македонија сега има јасна визија за правецот во кој треба да се движи и знае во што треба да инвестира – во образование и наука. Најави дека следната година ќе се креира нова стратегија за образование што ќе се применува од 2026 година.

„Во меѓувреме, нашиот фокус е насочен кон остварување на неколку клучни цели. Работиме на обезбедување поквалитетни наставни програми и учебници од кои составен дел ќе бидат глобалните новини, како вештачката интелигенција, содржини за развој на зелени вештини и за унапредување на дигиталните. Се фокусираме на оптимизација на училишната мрежа и подобри инфраструктурни услови, но и услови за едносменско работење и продолжен престој за учениците, затоа што факт е дека имаат 900тини часови помалку од нивите врсници во Европа“, нагласи министерката.

Говорејќи за подигнувањето на мотивацијата на наставниот кадар, Јаневска рече дека актуелната Влада постигна значаен договор со СОНК кој ќе обезбеди долгорочна економска стабилност на вработените во училиштата преку раст на платите до 60%, зависно од инфлацијата, а потсети дека во 2025 година поголеми плати за 30% ќе добијат и вработените во високото образование. Се работи и на нова законска регулатива во образованието, а шест закони кои веќе го поминаа филтерот на јавноста, наскоро ќе влезат во собраниска процедура.

Одговарајќи на прашање во врска со диспаритетот на образовните резултати кај различни групи во државата, министерката рече дека тоа е одраз на повеќе фактори кои етапно ќе се елиминираат.

„Ценам дека најмногу ќе помогне оптимизацијата на училишната мрежа. Кога децата од руралните средини ќе преместиме во централните училишта или ќе ги споиме во објект каде има подобри услови од оние во кои следете настава претходно, кога нивната социјализација значително ќе се зголеми, ќе се зголеми и компетитивноста, тогаш и тие ќе покажуваат подобри резултати. Дополнително веќе правиме промени и во моделот на инклузија за подобри резултати на учениците со попреченост, а се трудиме да им помогнеме и на оние кои доаѓаат од социјално ранливи семејства“, рече Јаневска.

Образованието почнува да се движи во добра насока. Со засилено темпо на работа, ќе се доближиме до глобалните образовни стандарди за квалитет, а потоа, како што рече министерката, ќе биде полесно да ги следиме во чекор.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германската војска отпуштила 62 војници поради врски со екстремната десница

Следно

Талески: Се остварува сомнежот дека на ДПМНЕ и одговараат тензиите за да ги избегнат клучните теми за кои ги лажеа граѓаните

Latest from Blog

Состојба на патиштатa

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема

Речиси 900 сметки во швајцарска банка се поврзани со нацистите, истрагата ја споменува и Аргентина

Тој зборуваше пред сослушувањето на Сенатскиот судски комитет за улогата на банките во олеснувањето на Холокаустот, додавајќи дека се откриени и нови детали за шема за помагање на нацистите да избегаат во

Кои две земји во ЕУ имаат најстари работници?

Работниците во Германија стареат. Германија има најстаро работно население во Европската Унија(EУ), а речиси секој четврти вработен е постар од 55 години, според податоците кои денеска ги објави Федералниот завод за статистика

„Русија НЕМА НАМЕРА ДА ПОСТИГНЕ МИР“

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на посетата на Киев, изјави дека руските напади врз Украина во текот на ноќта не укажуваат дека Москва е сериозна во врска со постигнувањето

Лефков: Измените на Законот за јавни обвинители и новите правила за избор ќе ја зголемат одговорноста и транспарентноста во судството

Во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кој дебатираше на многу актуелни теми меѓу кои и за изборот на нов
Go toTop