Јамајка официјално ја призна Палестина за држава

April 24, 2024
1 min read

БОГОТА (АА) – Владата на Јамајка донесе одлука да ја признае Палестина како држава во екот на израелската војна во Појасот Газа и сѐ поголемата растечката хуманитарна криза на палестинската територија, пренесува Анадолу.

„Јамајка останува посветена на решението со две држави како единствена остварлива опција за решавање на долготрајниот израелско-палестински конфликт, гарантирајќи ја безбедноста на Израел и зачувување на достоинството и правата на Палестинците. Со признавањето на државата Палестина, Јамајка ја зајакнува својата посветеност за мирно решение“, рече министерката за надворешни работи и надворешна трговија, Камина Џонсон Смит.

Министерката додаде дека одлуката е донесена во согласност со силната посветеност на Јамајка на принципите од Повелбата на Обединетите нации, која има за цел да воспостави меѓусебно почитување и мирен соживот меѓу државите, како и да го признае правото на народите на самоопределување.

Џонсон Смит ја потврди поддршката на Јамајка за прекин на огнот, ослободување на затворениците и пристап до хуманитарна помош за луѓето во Појасот Газа.

„Јамајка продолжува да ги поддржува сите напори за деескалација и воспоставување траен мир во регионот, повикувајќи ги сите страни да ги разгледаат ужасните последици од понатамошниот конфликт и да се посветат на дипломатски решенија кои осигуруваат безбедност и суверенитет за сите“, рече Смит.

Палестина досега ја признаа 140 држави членки на Обединетите нации (ОН), од вкупно 193.

Минатиот месец Шпанија објави дека се договорила со Малта, Ирска и Словенија да ги преземе првите чекори кон признавање на палестинската државност на окупираниот Западен Брег и Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Еве што очекуваат жителите на Куманово од изборите

Следно

Американска држава донесе закон – наставниците може да носат оружје во училиштата

Latest from Blog

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење во вторник на владина седница, а потоа во собраниска процедура

 Предлог-законот за заштита од пушење во вторник ќе биде на седница на Влада, а потоа ќе биде процесиран во Собрание. Сметам дека за еден, максимум еден и пол месец, законот ќе биде

Тајната на евтиниот шопинг стигнува во Македонија – Pepco отвара продавници во Скопје

Обележете го јуни во вашите календари, бидејќи првите продавници на Pepco во Скопје се подготвени да станат дестинација број еден за сите што бараат квалитетна облека и производи по најдобри цени на

Општина Битола воведува сигурна и бесплатна Wi-Fi мрежа за граѓаните во рамки на WiFi4WB

Граѓаните и посетителите на Битола од сега можат да користат бесплатен јавен Wi-Fi на локацијата Градски пазар. Мрежата е поставена во рамки на иницијативата WiFi4WB, која е финансирана од Европската Унија и
Go toTop