ЈА ЗЕМАА ПАЛЕСТИНА ГО ЗАГУБИЈА СВЕТОТ. Макрон загржен за напади врз Евреите во Франција

February 16, 2026
1 min read

Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на зајакнати напори во борбата против антисемитизмот во Франција, откако нови владини податоци покажале дека непријателството кон Евреите останува на високо ниво, и покрај падот на регистрираните инциденти во 2025 година.

Франција, која има најголема еврејска заедница во Европа, минатата година евидентирала 1320 антисемитски дела, што претставува 53 отсто од сите инциденти поврзани со религија, според извештајот на Министерството за внатрешни работи објавен денеска.

Иако бројот на инциденти се намалил за 16 проценти во однос на претходната година, Министерството соопшти дека тие остануваат на „историски високо ниво трета година по ред“. Зголемувањето е забележано особено по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователниот конфликт во Газа.

Училиштата, правосудниот систем, избраните претставници – сите мора да се мобилизираат“, порача Макрон на церемонија по повод 20 години од смртта на Илан Халими, 23-годишен Евреин кој беше киднапиран и држен во заложништво 24 дена, пред да биде убиен. Водачот на бандата беше осуден на доживотен затвор во 2009 година.

Макрон го осуди, како што го нарече, „отровот на омразата на интернет“, и побара од Европската комисија да ги повика големите онлајн платформи на одговорност.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Имаме добра безбедносна состојба во Македонија, вели министерот за одбрана Владо Мисајливски

Следно

Меџити честиташе 18 години независност на Косово

Latest from Blog

Меџити честиташе 18 години независност на Косово

Градоначалникот на Општина Чаир и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на свечениот прием организиран од Амбасадата на Република Косово во Северна Македонија, по повод 18-годишнината од независноста на Косово.

Имаме добра безбедносна состојба во Македонија, вели министерот за одбрана Владо Мисајливски

Имаме добра безбедносна состојба во Македонија, истакна вечерва во „Тема на денот“ на телевизија Сител министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски. -Имаме добра безбедносна состојба во Македонија. Гледајќи го опсегот

Брнабиќ: Вучиќ не кажа ниту еден лош збор за Шекеринска

Меѓународната секретарка на СНС, Ана Брнабиќ, денес изјави дека соопштението на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) за српскиот претседател Александар Вучиќ е срамно и истакна дека Вучиќ не кажал ниту еден лош

Смртни закани за судијата на мечот Интер – Јуве, полицијата отвори истрага

фото: aiaroma.it Италијанскиот судија Федерико Ла Пења пријавил закани по живот во италијанската полиција. Судијата го судеше натпреварот меѓу Интер и Јувентус во 25-то коло од Серија А (3-2). Во 42-та минута,

Вреди се обединува: Програмата и вредностите пред функциите

Обединувањето на политичкиот блок Вреди влегува во клучна фаза, при што фокусот, барем официјално, се става на принципите и програмските определби, наместо на распределбата на лидерските позиции. Од редовите на Алтернатива, партијата
Go toTop