Израелските војници застрелаа палестинско момче на окупираниот Западен Брег

December 9, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Палестинец е смртно застрелан од израелската војска во градот Хеброн, на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинската новинска агенција Вафа, пренесува Анадолу.

Сареј Јусуф Абдулкадир Амр (26) од Дура, градот Хеброн, е застрелан од израелски војници при упад во неговата куќа, соопшти палестинското Министерство за здравство.

„Израелските војници отворија оган врз Амр внатре во куќата“, рече Јусуф Амр, таткото на момчето додавајќи: „Израелските војници не дозволија никому да му помогне на Сари кој беше тешко ранет“.

„Израелските сили ја уништија куќата, конфискуваа две возила и украдоа 400.000 шекели (околу 108.000 долари) пари и чекови додека заминуваа“, рече тој.

Тензиите се интензивирани низ Западниот Брег поради израелската воена офанзива во Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Според палестинските податоци, оттогаш израелските сили и еврејските доселеници убиле над 270 Палестинци, и притвориле 3.670 други.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Надлежните очигледно ја насочуваат јавноста кон некои информации, а реално не знаеме ништо“ вели судски вештак за убиствата на Вања и Панче

Следно

Неколку лица со знаци на труење со хлор во хотел на брегот на Охридското Езеро

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop