Израелските сили приведоа 40 Палестинци на окупираниот Западен Брег

August 24, 2023
1 min read

РАМАЛА (АА) – Израелската војска денес приведе 40 Палестинци во одделни области на окупираниот Западен Брег, пренесува Анадолу.

Здружението на палестински затвореници објави дека израелските сили ги уапсиле Палестинците за време на „кампања за притворање“ во подрачјето на Хеброн, Тулкарм, Џенин, Калкилија, Наблус, Ерихон, Витлеем и Ерусалим (Кудс).

Според невладината организација, израелската војска во последните три дена привела 120 Палестинци.

Израелските сили често вршат рации во домовите на Палестинците на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим (Источен Кудс), приведувајќи лица под различни обвиненија.

Тензиите меѓу палестинските жители и израелските војници повремено ескалираат за време на рациите, предизвикувајќи спорадични инциденти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Andi Ismaili futbollisti 14 vjeçar pjesë e skuadrës U-17/18  tek “Makedonija Gjorçe Petrov”

Следно

Хаџиевски и Васоски најавија подобри денови: Вардар е институција, мора да живее!

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop