Израелските сили повторно го нападнаа седиштето на УНИФИЛ во јужен Либан, повредени мировници на ОН

October 11, 2024
1 min read

БЕЈРУТ (АА) – Израелската армија денеска изврши нов напад врз позициите на привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ), при што беа повредени неколку мировници од Шри Ланка кои се стационирани таму, јавува Анадолу.

Според државната либанска Национална новинска агенција, израелски тенк Меркава нападнал една од кулите за набљудување на УНИФИЛ на главниот пат што го поврзува Тир со Накура, пред контролен пункт на либанската армија, при што има повредени од контингентот на Шри Ланка стациониран таму.

Истиот извор јавува дека израелската артилерија истрелала граната која го погодила главниот влез на командниот центар на УНИФИЛ во Накура, при што е нанесена штета на објектот.

Ова е втор израелски напад врз командниот центар на УНИФИЛ во Накура во изминатите три дена.

Во четвртокот, мировните сили на ОН соопштија дека седиштето на УНИФИЛ во Накура и неколку позиции на неговите војници биле постојано гранатирани од израелските сили, при што биле повредени двајца војници.

Ситуацијата останува напната бидејќи УНИФИЛ работи во предизвикувачко опкружување во услови на тековни воени акции во регионот.

Израел изврши масовни воздушни напади низ Либан против, како што тврди, локации на Хезболах од 23 септември, при што се убиени најмалку 1.351 лице, беа повредени над 3.800 и раселени повеќе од 1,2 милиони луѓе.

Воздушната кампања е ескалација од едногодишната прекугранична војна меѓу Израел и Хезболах од почетокот на неговата офанзива врз Појасот Газа, во која Израел уби над 42.000 луѓе, повеќето жени и деца, од нападот на Хамас минатата година.

И покрај меѓународните предупредувања дека Блискиот Исток е на работ на регионална војна среде немилосрдните напади на Израел врз Газа и Либан, тој го прошири конфликтот на 1 октомври со започнување копнен упад во јужен Либан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПЕТ центар: По повод месецот на борба против рак на дојка за првпат во неработни денови отвораме нови термини на 11-ти и 23-ти Октомври за да ја доближуваме дијагностиката за пациентките

Следно

Квалификации за ЕП 2025: Македонија до 21 ја победи Молдавија

Latest from Blog

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи

Не дозволувајте да изгубите пари при откупот: СЕКЕ со важни совети за правилно пакување на тутунот

Со почетокот на сезоната за откуп на тутунот, компанијата СЕКЕ упати важни препораки до тутунопроизводителите за правилно пакување и чување на произведениот тутун, со цел да се зачува неговиот квалитет и да

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со
Go toTop