Израелски претставник: Израел подготвува голем напад врз Иран како одговор на ракетниот напад

October 21, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Израел се подготвува да изврши „голем напад“ врз Иран како одговор на нападот со балистички ракети врз Тел Авив на 1 октомври, изјави израелски официјален претставник, пренесува Анадолу.

Иран лансираше околу 180 балистички проектили врз Израел како одмазда за неодамнешните убиства на лидерите на Хезболах и Хамас и на командантот на Револуционерната гарда.

„Израел се подготвува да изврши голем напад врз Иран, со подготовки и зајакнување на одбраната во очекување на каков било потенцијален ирански одговор“, рече неименуваниот функционер во изјавите што ги пренесе јавниот сервис КАН доцна синоќа.

Изворот, сепак, не соопшти никакви детали за листата на цели што се очекува да бидат погодени во израелскиот напад.

Израел е ангажиран во интензивни консултации со својот клучен сојузник, САД, за да ги утврдат потенцијалните цели и неговите одбранбени потреби за да се спротивстави на каква било иранска одмазда.

Израелската Армија во саботата соопшти дека САД распоредиле батерија за воздушна одбрана THAAD во Израел, дизајнирана да пресретнува балистички ракети со долг дострел, како подготовка за можни ирански напади.

Пред пристигнувањето на THAAD, израелската противвоздушна одбрана се потпираше на три системи: „Стрела“ за пресретнување на ракети со долг дострел, „Давидова прашка“ за среден дострел и „Железна купола“ за ракети со краток дострел. Сите три системи се мачеа да пресретнат многу од иранските ракети.

Извештаите на израелските медиуми шпекулираат дека претстојниот напад врз Иран би можел да биде насочен кон нафтени или нуклеарни постројки, поради стравувањата од потенцијална регионална војна.

Техеран вети дека ќе одговори „болно“ на секој израелски напад.

Израел и Иран долго време се гледаа меѓусебно како противници и со години разменуваа обвинувања за кибернапади и други форми на агресија.

Заканите доаѓаат додека Израел ја продолжува бруталната офанзива врз Газа по прекуграничниот напад од страна на палестинската група Хамас минатата година, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која повикува на итен прекин на огнот.

Оттогаш повеќе од 42.600 луѓе се убиени, главно жени и деца, а речиси 99.800 се повредени, според локалните здравствени власти.

Израелскиот напад го расели речиси целото население на Газа, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговите постапки во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УХМР со најнова прогноза- еве какво ќе биде времето до крајот на неделата (ФОТО)

Следно

Борозан нападнат од кучиња скитници, неизвесен за натпреварот со Порто

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop