Израелската војска ја гранатираше Индонезиската болница во Газа, загинаа 12 Палестинци

November 20, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 12 Палестинци загинаа, а голем број се повредени во денешното израелско гранатирање на Индонезиската болница во северниот дел на Појасот Газа, соопшти Министерството за здравство во блокираната енклава, јавува Анадолу.

Министерството предупреди дека животите на илјадници пациенти, медицински персонал и раселени лица „се изложени на ризик од смрт поради директното и континуирано бомбардирање на Индонезиската болница“.

Државната палестинска новинска агенција Вафа претходно објави дека осум лица загинале во израелското артилериско гранатирање на болницата.

Агенцијата додава дека во болницата има 150 пациенти, 100 лица медицински персонал и илјадници раселени луѓе.

Очевидци изјавија дека поради израелското гранатирање снемало струја во болницата откако нејзините генератори престанале да работат.

Откога Израел почна да ја бомбардира Газа на 7 октомври по нападот на Хамас, според најновите податоци, загинати се најмалку 13.000 Палестинци, од кои над 9.000 жени и деца, а повеќе од 30.000 се повредени.

Илјадници згради, меѓу кои и болници, џамии и цркви, исто така, се оштетени или уништени во немилосрдните воздушни и копнени напади на Израел врз опколената енклава.

Израелската блокада наметна прекин на снабдувањето со гориво за Газа, електрична енергија и вода, а ја ограничи и испораката на хуманитарна помош.

Според официјални податоци, бројот на загинати во Израел изнесува околу 1.200.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Jaвното обвинителство веднаш да почне истрага за случајот „Диво месо“

Следно

Актерот Мето Јовановски денеска ќе биде погребан во Алејата на заслужните граѓани на градските гробишта Бутел

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop