Израелската полиција ја нападна екипата на ТРТ додека снимаше како ги тепа Палестинците во Источен Ал Кудс

July 26, 2024
1 min read

АЛ-КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелската полиција ја нападна екипата на „ТРТ њуз“, која ги сними моментите кога ги тепаше Палестинците кои се обидоа да стигнат до џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Ал Кудс (Ерусалим), јавува Анадолу.

Како и секој петок, израелската полиција од утринските часови е распоредена со железни бариери околу и на капиите на Стариот град на окупираниот Источен Ал-Кудс, каде што се наоѓа џамијата Ал Акса.

Израелската полиција го проверуваше идентитетот на оние кои доаѓаа на петочната молитва, особено на палестинската младина, и спречи некои од нив да дојдат до Ал Акса.

Судири избија кога израелската полиција се обиде да спречи одредени Палестинци да стигнат до Ал Акса.

Полицијата ги удираше Палестинците со пендреци.

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од крвавата облека на Палестинците повредени од израелската полиција.

Израелската полиција ја нападна и екипата на „ТРТ њуз“ која ги сними овие моменти, а камерманот Омер Авад падна на земја од туркањето на полицијата. Израелската полиција насилно ги оддалечи новинарите од подрачјето.

Од канцеларијата на ТРТ во Ерусалим истакнаа дека тимот на теренот повеќепати ги покажувал своите прес-картички кои покажуваат валидна акредитација во Израел.

И покрај израелските ограничувања, 35.000 муслимани клањаа петочна молитва во џамијата Ал Акса.

Израелската полиција воведе строги ограничувања спречувајќи илјадници луѓе да вршат молитва во џамијата Ал Акса од 7 октомври минатата година, кога почнаа израелските напади врз Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АКТЕРОТ МЕТО ЈОВАНОВСКИ ДОБИ МУРАЛ НА ЅИДОТ НА КИНОТЕКАТА

Следно

Кампањата на Трамп фатена неспремна од повлекувањето на Бајден

Latest from Blog

Смрт поради лајкови: Нов опасен тренд ги залуди младите- возат во спротивна насока, сѐ снимаат и објавуваат

Од таканаречените „тинејџерски лудории“ на јавни простори во Соединетите Американски Држави, што доведоа до воведување на полициски час, до „предизвикот за затемнување“, за време на кој корисниците  намерно се задушуваат, виралните, а

„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекари

Во лекувањето на дел од пациентите во случајот „Онкологија“ учествувале повеќе медицински лица, поради што не може да се бара индивидуална одговорност за целиот процес на лекување, истакна техничкиот советник на првообвинетиот
Go toTop