Израел извршува копнени и воздушни напади врз јужниот дел на Газа

May 9, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Повеќе израелски воени возила и тенкови влегоа во неколку населби во градот Газа утринава и започнаа напади, кои беа поддржани со воздушни напади врз домовите на цивили, што резултираше со жртви меѓу палестинските жители, јавува Анадолу.

Дописникот на Анадолу јави дека упадот на израелските војници бил поддржан со воздушни напади врз населбите Тал ал-Хава, Ал-Сабра и Ал-Зајтон.

Израелските тенкови напредуваа во неколку области на Тал ал-Хава и Ал-Зајтон гранатирајќи станбени подрачја и патишта.

Здравствените власти во Газа допрва треба да го потврдат бројот на загинати и повредени во израелските копнени и воздушни напади.

Нападот врз градот Газа се совпаѓа со израелскиот напад врз источните области на Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, што започна во вторникот.

Израелската Армија во вторникот започна инвазија на источниот дел на Рафа, напаѓајќи и окупирајќи ја палестинската страна на преминот Рафа со Египет, затворајќи ја единствената врска на Газа со надворешниот свет.

Рафа е дом на повеќе од 1,5 милиони раселени Палестинци кои избегаа од војната што ја започна Израел по нападот на Хамас на 7 октомври.

Оттогаш, во израелските напади загинаа повеќе од 34.800 Палестинци, главно жени и деца, во услови на масовното уништување и големиот недостиг на неопходни средства за живот.

Речиси седум месеци по почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа лежат во урнатини, додека 85 отсто од населението на енклавата е внатрешно раселено.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од утре до 9 август во Косово ќе се менуваат српските возачки дозволи

Следно

Европа го слави денот на европскиот мир и единство

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop