Историја, Грузија ќе игра на ЕП 2024

March 26, 2024
1 min read

Репрезентацијата на Грузија за првпат во својата историја ќе игра на ЕП! Ова стана факт откако тимот го доби последниот меч во Тбилиси против Грција за учество на ЕП 2024. Во регуларното време и продолженијата резултатот беше 0:0, а во пенал рулетот Грузијците победија со 4:2 и земаа една од последните три квоти за првенството во Германија во лето.

Речиси и да немаше шанси за гол во регуларното време, наместо тоа преовладуваше тактичката игра и цврстата дефанзивна игра. Така дојде до продолженијата, каде двете екипи одиграа похрабро. Така, во 102. минута Константинос Мавропанос ја погоди гредата по неговиот удар со глава од корнер. Одисеј Влаходимос мораше да ги одбрани ударите на резервистите Зурико Давиташвили и Ѓорѓи Цитаишвили.

На крајот сестигна до пенал-серијата каде Грузијците не можеа да се потпрат на својата ѕвезда Хвича Кварацхелија бидејќи крилниот напаѓач го напушти теренот во 109. минута поради повреда. Сепак, пулените на Вили Сањол беа подобри во пенал рулетот. Ѓорѓи Кочорашвили, Давиташвили, Лаша Двали и Ника Кваквескири беа прецизни во своите настапи и само Жорж Микутадзе шутираше непрецизно.

Што се однесува до играчите на нашиот јужен сосед, Јоргос Масурас и Андреас Бухалакис погодија од белата точка, но ударот на Анастасиос Бакасетас беше одбранет, додека Јоргос Јакумакис шутираше широко.

Грузија на тој начин го зазеде последното расположливо место во групата Ф на ЕП 2024, каде ќе ги одмери силите со Турција, Португалија и Чешка. Тоа ќе биде прво појавување на земјата на голем фудбалски форум од независноста.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во недела почнува летно сметање на времето

Следно

Трае најстрогиот пост: Начин на постење и исхрана

Latest from Blog

Николоски: Прво туристичко вештачко езеро за Штип и источниот регион

Штип и источниот дел на Македонија ќе добијат прво туристичко вештачко езеро, кое се очекува да биде завршено до 2027 година, пред предвидениот рок, истакна Александар Николоски. Изградбата на браната на реката

Битола веќе на терен – инфраструктурни проекти пред официјалната градежна сезона

Општина Битола објави промотивно видео со кое ја најавува засилената градежна активност, уште пред официјалниот старт на пролетната сезона. Од општината посочуваат дека иако градежната сезона традиционално се поврзува со потоплите пролетни

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е
Go toTop