Иранскиот претседател пристигна во прва посета на Сирија од 2011 година

May 3, 2023
1 min read

ДАМАСК (АА) – Иранскиот претседател Ибрахим Раиси денес пристигна во Дамаск, главниот град на Сирија, што е прва посета на ирански лидер на таа арапска земја од 2011 година, пренесува Анадолу.

„Денеска, иранскиот претседател Ибрахим Раиси пристигна на Меѓународниот аеродром во Дамаск во дводневна официјална посета“, објави новинската агенција САНА, управувана од сирискиот режим.

Се вели дека иранскиот претседател е „придружуван од голема политичка и економска министерска делегација“.

Раиси ќе одржи „обемни политички и економски разговори со сирискиот претседател Башар ал Асад, по што ќе следува потпишување на низа договори“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со скок од 19 места, С Македонија е најдобро рангирана во регионот по слобода на медиумите, објави „Репортери без граници“

Следно

Познат идентитетот на убиецот од Врачар: Коста Кецмановиќ, кој уби најмалку шест соученици, учествувал на многу училишни натпревари

Latest from Blog

Коњановски: Паметна мобилност, сајбер-безбедност и водоснабдување на меѓународната конференција во Израел

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и секретарот на Општината, Борче Димитровски, учествуваат на 35. Меѓународна конференција на градоначалници во Тел Авив, Израел. Конференцијата е посветена на темата „Оспособување на градовите на иднината“,

Тоневски: Љубопитноста на најмладите е поттик за подобар Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ ја посетија Општина Пробиштип, каде што се запознаа со работата на градоначалникот, функционирањето на општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Градоначалникот Тони Тоневски

Општина Битола: Второ место на национално ниво за транспарентно и отчетно работење

Општина Битола го освои второто место меѓу 81 единица на локалната самоуправа во Македонија според Индексот на отворени општини за 2025 година, изработен од Здружението за истражување и анализи „ЗМАИ“. Со освоени

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,
Go toTop