Иран за првпат потврди: За време на сузбивањето на антирежимските протести апсени и деца

January 31, 2026
1 min read

Бројот на уапсени деца помлади од 18 години не е прецизиран, ниту пак е познато колку од нив ќе останат во притвор, јави „Њујорк тајмс“.

Независните групи за човекови права проценуваат дека за време на протестите биле приведени најмалку 300 деца, адолесценти и ученици.

Синдикатот на иранските наставници ги осуди апсењата и насилството врз децата и повика на итно ослободување на притворените ученици. Некои случаи вклучуваат тинејџери кои биле тепани и застрелани на улиците, според изјавите на сведоците.

Протестите почнаа во декември поради економските проблеми, но набрзо прераснаа во пошироко антирежимско движење. Властите во последно време ги засилија апсењата и безбедносното присуство во училиштата. Иранската влада го исклучи интернетот и ја ограничи комуникацијата, отежнувајќи го утврдувањето на точниот број на жртви.

Последниот официјален податок на Советот за национална безбедност наведува 3.117 загинати, додека американската агенција „Human Rights Activist News Agency“ соопшти за најмалку 6.479 смртни случаи, вклучувајќи 118 деца. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кочани ќе добие спомен-обележје: „Патека на бесконечноста“ за загинатите во „Пулс“

Latest from Blog

Кочани ќе добие спомен-обележје: „Патека на бесконечноста“ за загинатите во „Пулс“

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“ посветено на 63 жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“. Предлогот

Пратеничката Лозановска најави реконструкција на Ресурсниот центар и Студентскиот дом во Битола

Пратеничката на ВМРО – ДПМНЕ, Олга Лозановска објави дека Владата преку заем од КФБ банката обезбеди средства за реконструкција на Ресурсниот центар во Битола и Студентскиот дом во Битола.       

Комерцијална банка и Алкалоид со најголем промет, МБИ10 со раст од 0,18% во неделата

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 26 до 30 јануари 2026 година, на Македонската берза беа реализирани 445 трансакции со вкупен

Пратеничката Лозановска: Комплетна реконструкција на фасада, кров и инсталации во Ресурсниот центар и студентскиот дом

Пратеничката на ВМРО – ДПМНЕ, Олга Лозановска објави дека Владата преку заем од КФБ банката обезбеди средства за реконструкција на Ресурсниот центар во Битола и Студентскиот дом во Битола. Лозановска наведува –
Go toTop