Илјадници Израелци маршираа по автопатот кон Ерусалим, стигнаа до резиденцијата на Нетанјаху

March 3, 2024
1 min read

Маршот на илјадници Израелци кои бараат ослободување на заложниците од Газа денеска стигна во Ерусалим, додека преговарачите се подготвуваат за продолжување на преговорите во Каиро, кои би вклучиле договор за размена на заложници и заробеници со Хамас.

Колона демонстранти, предводени од семејствата на заложниците киднапирани од милитантите за време на смртоносниот упад на Хамас во јужен Израел на 7 октомври, пристигнаа по автопат во Ерусалим.

Носејќи израелски знамиња, жолти балони и транспаренти со лицата на заложниците, тие го завршија четиридневниот марш што почна на едно од местата на нападите во октомври, а им се придружија и други демонстранти на собирот пред резиденцијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

„Маршираме за да им дадеме поддршка на семејствата на киднапираните, со желба тие наскоро да бидат ослободени и да бидат безбедни. Се молиме за нив со секој наш чекор“, изјави Дени Куперман, еден од демонстрантите. Мировните преговори за Газа треба да продолжат во недела во Каиро.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека се надева оти ќе се постигне прекин на огнот за време на муслиманскиот пост Рамазан, кој почнува на 10 март. Десетици заложници би можеле да бидат ослободени доколку се постигне договор.

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денес во Каиро продолжуваат преговорите за прекин на огнот во Газа

Следно

Трамп победи на кокусите во Ајдахо, Мисури и Мичиген

Latest from Blog

Скандал: САД не им даде визи на фудбалери кои треба да играат на Светското првенство!

фото: ESPN Centroamérica (X) Фудбалската репрезентација на Ирак би можела да се соочи со огромен проблем пред да оди на Светското првенство. Најновата информација е дека Соединетите Американски Држави одбиле да издадат

Димитриеска-Кочоска за МИА: Буџетот останува насочен кон економски раст и поддршка

Нашиот фокус останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и ребалансот нема да оди надвор од овие рамки, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за МИА во контекст на почнатите

Почнува јубилејниот Виноскоп 15: Градски парк ќе пулсира во ритамот на виното и музиката

Денес на Школка во Градски парк започнува јубилејното 15-то издание на Виноскоп-фестивал кој низ годините прерасна во препознатлив градски симбол на добро вино, квалитетна музика и урбано дружење под отворено небо. Од
Go toTop