Илјадници луѓе во Берлин повикуваа на мировни преговори со Русија

February 26, 2023
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Илјадници луѓе се собраа вчера пред познатата берлинска Бранденбуршка порта, повикувајќи на мировни преговори со Русија, која води војна во Украина, пренесува Анадолу.

Левичарската политичарка Сара Вагенкнехт и активистката за женски права Алис Шварцер, кои го организираа собирот, повикаа на прекин на огнот и мировни преговори со Русија.

Вагенкнехт повика на „прекин на крвопролевањето“ во Украина по повод првата годишнина од руско-украинската војна. Собирот е пренесуван во живо на платформата Јутуб.

Таа предупреди на можен „нуклеарен пекол“, доколку руската војна ескалира во Украина.

Вагенкнехт и Шварцер пред две недели објавија „Манифест за мир“ во кој го повикаа германскиот канцелар Олаф Шолц да ја „запре ескалацијата“. Критичарите ги обвинија Вагенкнехт и Шварцер дека се „наивни“.

„Со поддршка на Западот, Украина може да добие поединечни борби, но не може да ја добие војната против најголемата светска нуклеарна сила“, наведуваат авторките во Манифестот.

Тие подвлекоа дека „ниту една страна не може да победи воено“ и дека војната може да заврши само на преговарачка маса.

„Да се преговара не значи да се предадеш. Да преговараш значи да се направи компромис од двете страни за да се спречат стотици илјади смртни случаи и уште полошо“, нагласуваат авторките во „Манифестот за мир“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно и релативно топло време, попладне ветер и врнежи

Следно

Деветмесечно бебе сомнително на туберкулоза хоспитализирано на Клиниката за детски болести

Latest from Blog

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Според фотографиите од местото на настанот, возот со девет вагони излетал од шините и удрил во надземна жичана греда кога застанал, објавува Телеграф. Излетувањето од шините се случило само неколку часа откако

Водата во Демир Капија е забранета за пиење

Водата од јавниот водовод во Демир Капија е забранета за пиење и подготвување храна, објавија попладнево од јавното комунално претпријатие „Бошава”. Како што информираат оттаму, анализите на примероците земени во понеделникот и

ВЛЕН: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста се претвора во закони, а развојот во конкретни инвестиции

По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, коалицијата ВЛЕН, како дел од Владата, организираше повеќе панели и активности посветени на децентрализацијата, локалниот развој, еднаквоста и европската иднина на земјата. На
Go toTop