ХОТАМ: Хотелските капацитети за новогодишните празници се очекува да бидат исполнети околу 70 отсто

December 5, 2024
1 min read

Околу 70 отсто од хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера се очекува да бидат исполнети за новогодишните празици, информира претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ Крсте Блажески. За разлика од хотелите, исполнетоста во помалите сместувачки капацитети, станови и апартмани традиционално е поголема.

Најбројни гости на охридското крајбрежје очекува да бидат Бугарите, потоа Турците, но нема да изостанат ниту посетителите од околните земји. Голема исполнетост се очекува и за католички Божиќ, кога традиционално најбројни се гостите од Грција.

– Некои хотели ќе работат само со ноќевање без организирани пречеци и таму исполнетоста можеби ќе е помала, за разлика од хотелите кои организираат пречек на новогодишната ноќ, каде исполнетоста е целосна, појасни Блажески.

Според него, интерес има и кај домашните гости, но тие најчесто бараат сместување во хотелите, а одат на организиран пречек во ресторани.

– Домашните гости да не заборават дека со посетата на туристичките центри во Македонија се помага економијата на државата, а со тоа и самите си помагаат. Така ќе се изградат патишта, болници, училишта, а ќе се реализираат и други инфраструктурни проекти, истакна Блажески, нагласувајќи дека постојано инвестираат во модернизација на хотелите и овозможување подобри услови за гостите.

Изминатата летна туристичка сезона, првиот човек на ХОТАМ ја оцени како позитивна, со надминување на очекуваното, а за следната очекува да го задржат нивото од оваа година.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Минчев: Етничката застапеност во вработувањето без балансер била многу поголема, отколку кога имало балансер

Следно

Селото на пандите во Кина нуди уникатна можност да се ѕирне во секојдневието на омилените џиновски панди

Latest from Blog

Ливерпул доведе млад и талентиран французин

Досегашниот играч на екипата на Сент Етјен, Џилијан Нгесан е нов член на екипата на Ливерпул. Офанзивецот има 18. години и следните неколку месеци ќе ги мине како позајмен фудбалер во тимот

Божиновска од SEEF2026 во Солун: Регионалната поврзаност и инвестициите се клучни за енергетската безбедност

Министерката Божиновска: Регионалната поврзаност, инвестициите и трансатлантската соработка се клучни за енергетската безбедност и конкурентност Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува и се обрати на 10. Southeast Europe

Проданоски: Прилеп е пример за успешно селектирање и управување со отпадот

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека денеска во Прилеп биле одржани средби со претставници од општините Ѓорче Петров, Гази Баба, Илинден и Струмица, кои во рамки на студиска посета на
Go toTop