Хорор-лет на одбојкарите: Гром удри во авионот, принудно слетување во Цирих

May 27, 2024
1 min read

Одбојкарската репрезентација на Македонија со години наназад го има прекарот „Спартанци“, нашите асови минаа најразлични авантури во изминатата деценија, но денешната случка ги надмина и најголемите проблеми со кои оваа национална селекција се соочуваше сиот овој период, објави порталот екипа.мк

Имено, одбојкарите денеска се враќаа во нашата земја по настапот на Златната лига во Белгија, а летот од Цирих доСкопје неочекувано беше запрен по неверојатна случка – гром удри во авионот додека леташе.

Поради ова, пилотот реши веднаш да се врати назад во Цирих каде принудно слета, за среќа без посериозни проблеми. Нашите одбојкари веќе се сместени во хотел и утре наутро со нов лет ќе тргнат кон Скопје.

„Навистина неверојатна ситуација, додека летавме со авионот удри гром во него и пилотот реши да се врати во Цирих. Не беше пријатно кога слушнавме што се случи, видовме силна светлина во непосредна близина“, вели за ЕКИПА капитенот Никола Ѓоргиев.

Потсетувањето на бројните случки и проблеми во патувањата од пред десетина години донесоа и експресен одговор од најдобриот македонски одбојкар.

„Се за Македонија. Така било, така и ќе биде. Ние не се откажуваме, ништо не може да ја запре оваа наша репрезентација“, порачува Ѓоргиев.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Силјановска Давкова: Го почитувам Преспанскиот договор, но верувам во слободата на изразување

Следно

ОВА Е ИДНАТА СНАА НА ДРАГАНА МИРКОВИЌ – таа е вистинска убавица која го завела нејзиниот син, а кога им било најтешко го направила ова за нив! (ФОТО)

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop